Waldner

Waldner е основан во далечната 1908 година и оттогаш се преориентирал од компанија за обработка на метали до снабдувач на различни индустрии, вклучувајќи фармацевтска, истражувачка, образовна, медицинска, биотехнолошка, автомобилска и други. Waldner произведува мебел од врвен квалитет кој подразбира модуларен концепт. Тоа ви овозможува да дизајнирате лаборатории на многу начини. Лабораторискиот мебел вклучува централни маси, мијалници, дигестори, ормани за одлагање опасни хемикалии, итн.

WALDNER – Лабораториски мебел

Analysis може да Ви понуди изработка на дизајн на лабораторија и опремување со лабораториски мебел WALDNER, чии што сме ексклузивни застапници за територијата на Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од 2002 година.

Лабораторискиот мебел Waldner, благодарение на својот модуларен и иновативен концепт, пружа неограничени можности за дизајнирање и опремување на современа лабораторија. Било да ви се потребни работни маси, мијалници, дигестори, специјални ормарчиња, лизгачки елементи, сервисни модули или систем за снабдување и одлагање хемикалии, Waldner модуларниот концепт на лабораториски мебел ви овозможува да креирате безброј варијанти – оставајќи и можност за едноставни надградби во иднина. Ваше е само да ги дефинирате поединечните параметри за специфични потреби, на пр. дали ви се потребни дигестори или не, дали работните маси треба да имаат носивост преку 200 кг итн. Системот на лабораториски мебел со своите флексибилни единици може лесно да се прилагоди на нови ситуации во лабораторијата. На овој начин Waldner обезбедува голем број варијанти на мебел за секој тип лабораторија. Waldner го конципирал својот лабораториски мебел на иновативни идеи, софистицирани решенија и употреба на висококвалитетни материјали, исполнувајќи ги сите барања на корисниците во поглед на ергономија, максимална сигурност и повеќедецениска употреба.

Waldner во својата производна програма има:

  • Сервисни модули (за централни маси, висечки, ѕидни…)
  • Лабораториски маси со широк избор на работни површини со различна отпорност
  • Лабораториски мијалници
  • Лабораториски ормани за различна намена
  • Системи за манипулирање со хемиски отпад

Waldner е особено познат по своите лабораториски дигестори.

Дигесторите штитат луѓе кои работат во лабораториите на повеќе различни начини. Тие спречуваат ослободување на супстанци штетни по здравјето во лабораторијата и животната средина, и затоа делуваат како безбедна бариера помеѓу корисниците и нивните експериментални поставки. Waldner во своите дигестори ефикасно го оптимизирал протокот, притоа, штедејќи до 33% енергија. Ова се постигнува меѓу другото и со употреба на Secuflow технологија. Исто така, се размислувало и за ергономијата. Дигестори со различна работна висина, додадени стаклени панели, безбедносни детали, функционално и дигитално умрежени – сето ова може да се прилагоди на потребите на корисниците. Waldner има лабораториски дигестор за било која примена – било да ви е потребен стандарден дигестор или „walk-in” тип; било да имате посебни барања во поглед на внатрешната облога или ви е потребен дизајн кој штити од експлозија. Вашата апликација го одредува концептот и опремата на дигесторот. Благодарение на модуларниот систем, Waldner дигесторите можат идеално да се прилагодат на димензиите и условите во било која лабораторија.

Програмата на лабораториски дигестори опфаќа:

  • стандардни дигестори
  • дигестори за специјални намени (работа со агресивни неоргански киселини)
  • walk-in дигестори
  • дигестори за работа со радио изотопи
  • Мали подвижни дигестори

Дизајн и идејни решенија на лаборатории

Секоја лабораторија треба да биде организирана така што во потполност ќе одговори на барањата и потребите на корисниците. Меѓутоа, лабораториската инфраструктура најчесто не го следи развојот на науката, лабораториската опрема и работните процедури. Реконструкции на лаборатории се наметнуваат како решение, но како да се обезбеди таа реконструкција да помине ефикасно, без голем прекин на процесот на работа и, се разбира, како да се обезбеди новото решение да биде флексибилно за иден развој?

Решенија Ви нудат ANALYSIS и WALDNER, во директен контакт со Вас, преку разработка на следните фази:

  • Анализа на постоечката состојба, потреби и желби на корисниците
  • Анализа на работниот и организациониот процес на корисниците
  • Анализа на потребите на постоечката лабораториска опрема на корисниците и опрема која ќе се набавува во иднина
  • Анализа на плановите за натамошен развој на лабораторијата – можности за лесна трансформација и прилагодување на нови техники
  • Изработка на 2D и 3D приказ на идејното решение