Од своето основање во 1996 година, Analysis нуди квалитетни инструменти и доверливи решенија за вашата лабораторија.
Основната дејност на нашата фирма е големопродажба, одржување и сервис на аналитичка, процесна и генерална лабораториска опрема, со обука на корисниците за успешна и квалитетна работа на инструментот.
На корисниците им е достапна и апликативна поддршка, која опфаќа консалтинг при одбирање методологија и оптимален уред според актуелните потреби на корисниците, развој и имплементација на аналитички методи, и нивна валидација/верификација. Исто така, обезбедуваме услуги за квалификација на опрема и проектирање на лаборатории.
От друга страна, Analysis Лабораторијата за калибрирање и валидација обезбедува услуги за калибрирање, валидација и испитување на опрема, со широк обем на акредитација.
Територии на кои работиме
Analysis работи на територијата на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија.
По 25 години успешно работење, во април 2021 година отворивме ќерка-фирма Analysis Adria ДООЕЛ, со седиште во Љубљана, на овој начин зацврстувајќи го повеќегодишното работење во регионот и отворајќи нова перспектива за понатамошен напредок.
Ексклузивен застапник на светски реномирани производители
Нашата продажна програма опфаќа опрема која примена наоѓа во областа на индустријата на фармацијата, заштита на животната средина, храна и пијалаци, и други индустрии, како и во науката, форензиката и медицината – без оглед дали станува збор за испитувања, истражувања, контрола на квалитетот или надгледување на процеси.
Од самото основање, со голем успех соработуваме со водечки светски производители на лабораториска опрема, со цел исполнување на барањата на корисниците и воспоставување долгорочна соработка на обострано задоволство.

Analysis е ексклузивен застапник на следните реномирани производители на опрема:
- THERMO FISHER SCIENTIFIC (САД), со следниве дивизии и опрема:
- Thermo Scientific – Лабораториска опрема во аналитиката
- Controlled Enviroment Equipment – Опрема за микробиологија и биотехнологија
- SOTAX (Швајцарија) – Опрема за испитување на брзината на растворање и физички карактеристики на цврсти форми
- WALDNER (Германија) – Лабораториски мебел и дигестори
- HACH (САД) – Лабораториска и процесна опрема во аналитиката на вода
- FEDEGARI (Италија) – Опрема за микробиологија и биотехнологија
- RIEBESAM (Германија) – Машини за миење и дезинфекција на лабораториски садови
- RETSCH (Германија) – Мелници и сеачи
- MICTROTRAC MRB (САД) – Опрема за карактеризација на честички
- BERGHOF (Германија) – Печки за микробранова дигестија и реактори
- ATAGO (Јапонија) – Рефрактометри и поларометри
- SUEZ (САД) – TOC анализатори и сензори
- RECIPE (Германија) – Китови, реагенси, инструменти и потрошен материјал за клиничка дијагностика
- MEMMERT (Германија) – Сушници, инкубатори, клима комори, водени бањи
- SCAT, SYMLINE (Германија) – Опрема за собирање отпадни хемикалии
- BIOQUELL (Обединето Кралство) – Изолатори и H2O2 деконтаминатори
- TSHR (Холандија) – Елементална анализа во процес на согорување
- LABINSTRUMENTS (Италија)– Сертифицирани стандарди на референтни материјали (пестициди, микотоксини, QuEChERS)
Политика на квалитет
Продажните програми ги водат искусни менаџери со високо стручно образование од областа на физичката хемија, хемијата, биохемијата, технологијата и фармацијата, кои пружаат стручна помош на корисникот при одбирање соодветна опрема, како и апликативна поддршка преку услуги на воведување и валидација на методи за предметната опрема.
Преку секторот за сервисна поддршка и Лабораторијата за калибрирање и валидација, со поседување сопствена испитно-мерна опрема, Analysis обезбедува услуги за инсталација, квалификација, одржување и сервисирање на опремата, како и обука на корисниците од страна на искусни сервисни инженери, кои поминале специјализирани курсеви за предметната опрема во тренинг центрите на производителите, што е потврдено со соодветни сертификати.
Analysis исто така поседува сопствен возен парк, кој обезбедува навремена испорака на опремата и одзив на повик од корисникот, со почитување на договорените рокови.
ISO сертификати
Analysis има воведено систем на квалитет ISO 9001, а од септември 2011 година и стандардот ISO 17025 за нашата Лабораторија за калибрирање и валидација.
Во април 2019 година бевме сертифицирани во согласност со барањата на стандардите Системи за менаџмент со животната средина ISO 14001:2015 и Системи за менаџмент со безбедноста и здравјето при работа ISO 45001:2018.
Анкета за задоволство на корисниците
Ве молиме да ни помогнете со искрени одговори во рамки на анкетата да ги подобриме услугите, за да можеме што поуспешно да одговориме на вашите барања и очекувања.
Пополнете ја анкетата