Опрема за длабоко замрзнување

Лабораториските замрзнувачи на Nordic Lab покриваат широк опсег на ниски температури, од -45°C до -86°C. Благодарение на компактната големина, заштедуваат драгоцен простор во вашата лабораторија без да ги загрозуваат перформансите. Достапни во повеќе големини и по конкурентни цени, овие лабораториски замрзнувачи се засновани на единствена технологија на едностепен компресор, која на корисникот му обезбедува беспрекорно и економично решение за ниски температури. Комбинацијата на широк опсег на работна температура, ниска потрошувачка на енергија и мали барања за одржување ги прави замрзнувачите на Nordic Lab совршени за сите барања кои лабораториите, болниците и истражувачките институции можат да ги имаат во поглед на складирањето. Одржливоста е клучен фактор на овие замрзнувачи, бидејќи изолацијата со цикlopентан помага во намалувањето на потрошувачката на енергија. Покрај тоа, LT моделите се нудат со природно ладилно средство R290 (Пропан), KSLT и ULT моделите со Nature R, кои претставуваат природно ладилно средство. Сите овие средства се чисти ладилни средства без токсични гасови кои би можеле да наштетат на животната средина, а исто така немаат влијание врз оштетувањето на озонот. Сите замрзнувачи се во согласност со ISO 9001, 14001 и 18001 OHSAS сертификатите, што гарантира доверлив и доследно висок квалитет; исто така се во согласност со RoHS директивата – што значи дека се целосно без олово, жива, кадмиум, хексавалентен хром, PBB и PBDE.