Лабораториски ормани и касети

SKU: 9209

Waldner системот на лабораториски мебел нуди најширок избор на складиштен простор за лесен пристап и безбедно чување на материјали и прибор. Сите складишни простори можат да бидат флексибилно опремени и овозможуваат оптимално користење на просторот во сите делови на лабораторијата. Орманите можат да се прошират, дополнително да се вградат и така да се прилагодат на нови барања во најкраток можен рок. Површините обложени со меламинска смола се едноставни за одржување и отпорни на влијанија од лабораторијата. Предните рабови на корпусот како и полиците имаат полипропиленски рабови отпорни на удари. За издржливоста се води посебна грижа кога се во прашање лабораториските ормани, имајќи предвид дека шарките, шините на извлекување и допирните површини мора да издржат огромен број на промени на оптоварување.

Достапни варијанти се:

  •  Висечки орман
  • „Top mounter” орман
  •  Лабораториски орман
  •  Орман со вертикални фиоки на извлекување

Достапни типови на касети:

  •  Касета со цокла
  •  Касета на тркалца
  •  Висечка касета
  •  Касета за дигестори
  •  Касета за мијалници

Погледнете го Техничкиот каталог за подетални информации за лабораториските ормани и контактирајте нè да ви помогнеме да најдете најдобро решение за вашата лабораторија.

Достапно во земји :