МикроЦТ

Микро-компјутерска томографија (microCT) станала стандардна метода за истражување во науката за материјали бидејќи овозможува да се направат ефикасни квантитативни 3D слики речиси на секој примерок. Испитувањето се врши недеструктивно со рендгенски зраци (X-rays), со целосно согледување на примерокот без оштетување или потреба за дополнителна подготовка. Внатрешната структура, геометрија и состав се лесно достапни без боење, сечење или правење на попречен пресек. Оваа техника затоа може да се користи како сеопфатно скенирање за понатамошна (типично деструктивна) анализа со техники со поголема резолуција, како што е сериско сечење со електронски микроскоп со нанометарска резолуција.