Системи за модифицирање струјни кола

Технологијата за модифицирање струјни кола (Circuit edit technology) овозможува брзо моделирање за мали исправки на дизајн во различни точки на процесот на производство на интегрирани кола (IC). Модифицирањето може да се врши: после првата грешка со силициум, за подобрување на приносот на производство, да се направи мал број функционални чипови за бета девелопери, како и за решавање на проблеми со доверливост. Инженерите за модификација на струјни кола, отстрануваат слоеви од чипот до местото за кое се сомневаат дека постои дефект, а потоа отстрануваат или додаваат проводен или изолационен слој во прецизни геометрии. Со ова се овозможува на производителите на струјни кола да ги валидираат промените во дизајнот без преправки на калапи и производство на дополнителни вафери.