Апликации во масена спектрометрија

Компанијата Thermo поседува завидна колекција на различни апликации за масена спектрометрија, која се протега преку различни области, а вклучува протеомика, форензичка токсикологија, истражувања во фармација, метаболомика, клинички истражувања, испитувања на животна средина итн. Многу од апликациите се развивани во согласност со важечките регулаторни стандарди и дизајнирани се да им помогнат на корисниците да со што помалку труд и трошоци да ги постават своите методи. Конкретни примени на масена спектрометрија, во кои оваа аналитичка техника е користена за откривање, карактеризација и квантификација на аналити вклучуваат анализи на пестициди, контаминација на храна, определување на географско потекло со анализа на однос на изотопи, карактеризација на рекомбинантни антитела и многу други.