https://analysis.mk/wp-content/uploads/2021/10/circles-9.svg

Сервисна поддршка

Analysis сервисен центар е една од најважните организациски делови на компанијата во која е вграден голем труд, препознаен од страна на нашите корисници. Со константно усовршување и редовно посетување на стручни курсеви на нашите сервисни инженери кај странските принципали, сервисниот центар континуирано се унапредува. Брза и квалитетна услуга на нашите сервисни инженери е императив за нас.

Барање за сервис

За сервисниот центар

Со зголемувањето на бројот на корисници и учеството на пазарот, препознавме потреба од сè поголем број купувачи за соодветна сервисна и апликативна поддршка. Согласно тоа, ANALYSIS основа сервисен центар како посебна организациска единица, регистриран под целосниот назив ANALYSIS подружница сервисен центар, чија задача е техничка и апликативна поддршка на клиентите и грижа за опремата, која подразумева стручно и навремено одржување, како и интервентно сервисирање во случај на ненадејни застои.

ANALYSIS поседува и сопствен возен парк, кој обезбедува навремена испорака на опрема и одзив на повик од корисникот, со почитување на договорените рокови. Оттаму, можеме да гарантираме брза и квалитетна сервисна поддршка во Северна Македонија и регионот, во зависност од продажната програма (Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Албанија).

ANALYSIS тимот за сервис и апликации моментално брои повеќе од петнаесет високо квалификувани членови. Преку константно усовршување на сервисните инженери, се трудиме да обезбедиме соодветна поддршка на нашите корисници. Сите сервисни инженери се сертифицирани од страна на производителот на опремата и повеќето имаат искуство, не само во сервисирањето, туку и во работата на различни инструменти и аналитички техники. Нашите сервисери поседуваат и сопствена техничка опрема.

Сервисот, доколку е можно, го одржуваме и онлајн, на тој начин дополнително скратувајќи го одзивот на сервисното барање и намалувајќи ги трошоците на истото.

Услуги на сервисниот центар

Инсталација на инструменти и основна обука на корисниците кај нас се подразбираат и секогаш се вклучени во цената на уредот. Исто така, инсталацијата и сервисната поддршка во гарантниот рок, како и надвор од него, се обезбедени за комплетната програма на опрема.

При инсталацијата, се врши и квалификација на опремата, што е стандард во фармацевтската индустрија, а сè почесто и во аналитичките и други лаборатории. Квалификацијата на опремата треба да се врши во пропишан временски интервал. Основа на овој пристап се инсталациските, оперативните и протоколите за потврда на перформансите (IQ, OQ и PQ, редоследно) во кои се дефинирани сите проверки на инструментите, со цел да може да му се гарантира на корисникот валидноста на резултатите, безбедноста и непречената работа. Нашите сервисни инженери се сертифицирани од страна на производителот за спроведување на овие протоколи, како и за генерирање на потребната документација. Доколку е потребно, документацијата може да биде генерирана и електронски, за потребите на системите кои се обединети во форма на ЛИМС (анг. Laboratory Information Management Systems), CDS (анг. Chromatography Data Systems) или слични.

Редовно одржуваните инструменти во најголем број случаи не се расипуваат, а притоа му овозможуваат на корисникот да биде сигурен во своето работење, безбедноста, како и во резултатите од анализите. Следејќи ги светските трендови, ANALYSIS воведе концепт на превентивно и предиктивно одржување. Превентивното одржување се планира однапред и се изведува во определени временски интервали, во зависност од обемот на работа на уредот. Целта на ваквото одржување е превенција на кварови на уредот поради истрошеност на деловите, и со тоа обезбедување на негова непрекината работа. Предиктивното одржување претставува таканаречено паметно одржување на опремата, каде што деловите/потрошниот материјал на уредот се менуваат врз основа на степенот на истрошеност и очекуваниот работен век. На тој начин, за разлика од превентивното сервисирање, се намалуваат сервисните трошоци, а истовремено се избегнува создавањето непотребен отпад во вид на делумно искористени резервни делови.

Исто така, како посебна погодност нудиме и договорни сервиси кои овозможуваат целосен комфор во работата на корисникот, работа без застои и максимална продуктивност.

1. Како можам да пријавам дефект или да побарам сервис?

Сервисен барање можете да поднесете преку е-пошта (servis@analysis.mk) или преку контакт формата на нашата веб-страница. Потребно е да го наведете моделот на уредот, серискиот број и краток опис на проблемот, за да можеме да реагираме што е можно побрзо и поефикасно.

2. Дали обезбедувате итни интервенции?

Да. Во случај на критични дефекти кои влијаат на континуитетот на работа, обезбедуваме приоритетни интервенции и пристигнување на сервисерот во најкраток можен рок, согласно договорениот ниво на поддршка.

3. Дали сервисирате само опрема која е купена кај вас?

Примарно обезбедуваме поддршка за опремата од нашиот продажен програм, но во одредени случаи можеме да преземеме сервис и за уреди кои не се купени кај нас, особено ако станува збор за брендови кои ги застапуваме.

4. Дали користите оригинални резервни делови?

Апсолутно. Користиме исклучиво оригинални резервни делови и компоненти од производителот, со што гарантираме сигурност, долг век на траење на опремата и одржување на фабричките перформанси.

5. Дали нудите превентивно одржување?

Да. Препорачуваме редовно превентивно одржување за да се намали ризикот од непланирани дефекти, да се продолжи работниот век на опремата и да се обезбеди точноста и сигурноста на резултатите. Во понудата имаме и годишни сервисни договори.

6. Дали вашите сервисери имаат сертификати од производителот?

Да. Нашиот сервисен тим го сочинуваат обучени и сертифицирани инженери кои редовно поминуваат обуки кај производителот на опремата. На тој начин обезбедуваме највисоко ниво на стручност и работа според фабричките стандарди.

7. Дали обезбедувате поддршка на далечина?

Да. Во многу случаи можеме да извршиме иницијална дијагностика и решавање на проблемот преку далечинска поддршка, што значително го скратува времето на реакција и ги намалува трошоците за интервенција.

8. Дали издавате сервисна документација и извештаи?

По секоја интервенција доставуваме детално сервисно известување со опис на дефектот, извршените работи, заменетите делови и препораки за понатамошна употреба на опремата. Транспарентноста и следливоста се составен дел од нашата поддршка.

9. Дали нудите калибрација и валидација на уредите?

Да. Покрај поправки и одржување, нудиме услуги за калибрација, проверка на перформанси и валидација согласно релевантните стандарди и регулаторни барања (на пример, ISO, GMP, GLP).

10. Колку брзо реагирате на пријава на дефект?

На секое сервисно барање одговараме во најкраток можен рок, најчесто во рок од 24 часа од пријавата. Наш приоритет е да ги минимизираме застојот во работата на вашата лабораторија и да обезбедиме брза дијагностика и ефикасно решавање на проблемот. Секако, предност имаат корисниците со кои имаме потпишани годишни договори за одржување.

11. Дали сервисот вклучува замена на потрошен материјал?

Да. Во рамките на сервисната поддршка обезбедуваме оригинален потрошен материјал, како и неговата професионална замена без потреба од дополнителни технички интервенции.

12. Дали сервисот покрива сите градови и регионот?

Да. Нашата техничка поддршка и сервисери се достапни низ целата земја и регионот, вклучувајќи итни интервенции и превентивни прегледи, со можност за пристигнување директно во лабораторијата.

13. Дали обезбедувате апликативна поддршка и помош при оптимизација на методите?

Да. Покрај техничкиот сервис, обезбедуваме обука за корисниците, како и апликативна поддршка која вклучува помош при оптимизација на методите, интерпретација на резултатите и решавање на специфични аналитички предизвици. На тој начин вашата лабораторија добива целосно и заокружено решение во рамките на целокупната сервисна и техничка поддршка.