Долгорочната соработка со водечки светски производители на лабораториска опрема овозможува Analysis да пласира најиновативни и технички квалитетни решенија, со цел исполнување на барањата на корисниците и создавање долгорочна соработка.
Microtrac е пионер и водечки производител на инструменти за анализа на честички преку расејување на светлина. Овие уреди својата примена ја наоѓаат како во различни индустрии, така и во испитување на материјали. Microtrac портфолиото за карактеризација на честички содржи три линии на производи: за анализа на расеана светлина, анализа на слика и мерење на површина и порозност на материјали. Заедно со RETSCH Technology и MicrotracBel, формира MICROTRAC MRB, чија мисија е да ја направи анализата на честички попрецизна, поефикасна и попрактична.
HERZOG е водечки светски производител на најсовремена опрема и автоматизација за контрола на квалитет во рударската и рециклажната индустрија. Од земање примероци, преку подготовка на примерок, до анализа – HERZOG обезбедува сите компоненти, алати и прибор за автоматизирано следење на процесот.
FLUXANA фокусот го става на корисниците на рендгенска флуоресцентна анализа (XRF), нудејќи широк спектар на опрема за подготовка на примероци, вклучувајќи машини за топење примероци, преси и автоматски машини за дозирање. Покрај тоа, достапни се сите типови прибор за анализа на течности, хемикалии и адитиви, како и стандарди за калибрација (CRM).
Nordic Lab е производител на лабораториски замрзнувачи и пропратни аксесоари, кој фокусот го става на дизајн, функционалност и постигнување оптимален однос помеѓу висок квалитет и конкурентни цени. Нивните производи најмногу се користат во биомедицинскиот и фармацевтскиот сектор.
ZOONLAB е водечки меѓународен производител и добавувач на опрема за чување лабораториски животни за потреби на научно истражување, која вклучува стандардни системи и системи со изолиран проток на воздух.
Atago се занимава со производство и усовршување на технологија на рефрактометри од 1940 година. Историјата на рефрактометрите е почнала со производство на наједноставниот модел - аналоген. Денес пак Atago произведува најсовремени рефрактометри базирани на напредни технологии и со многу прецизна електроника. Покрај рефрактометри, нудат и полариметри.
Belec е семејна фирма со седиште во Германија, со 50 години искуство во развојот и производството на стационарни и преносливи оптички емисиони спектрометри за анализа на метали. Willi Berstermann, основачот на Belec, прв го претставил мобилниот спектрометар. Belec пружа прилагодени решенија за прецизно одредување на хемискиот состав на вашите метали со помош на оптичка емисиона спектроскопија со искра. Нивните инструменти се одликуваат со највисоки перформанси и флексибилност и осигуруваат доверливи мерења.
RECIPE е еден од водечките CE-IVD снабдувачи во клиничката дијагностика, со растечки асортиман на HPLC и LC-MS/MS комплети, калибранти, контроли и интерни стандарди, сертифицирани според ISO 13485. Нивните производи ги задоволуваат потребите на медицинските и болничките лаборатории како и истражувачките установи.
Со 175 години искуство и посветеност на квалитет, Kern е специјализиран за област на вагање, со бренд кој е синоним за прецизност и доверливост. Нивното портфолио вклучува комплетен спектар на техники на вагање: лабораториски ваги, тегови, индустриски ваги, како и оптички микроскопи. Вагите на компанијата Kern се доверливи, едноставни за ракување и во разумен распон на цени.
Со повеќе од 50 години искуство, Berghof обезбедува врвна опрема за микробранова дигестија и реактори. Благодарение на иновативните технологии кои се користат, овие системи ја поедноставуваат секојдневната работа на секоја лабораторија. Нивните главни предности се долг век на траење, безбедност при ракување и доверливост.
SymLine е подбренд на S.C.A.T. Europe GmbH, чии производи ви овозможуваат ракување со отпадни течности, во повеќето случаи опасни по здравјето и животната средина, спречувајќи потенцијални ризици. SymLine системите собираат отпад централно, штитат од испарувања и можат совршено да се интегрираат во лабораториската опрема. Производите се компатибилни со безбедносни ормарчиња и исто така можат да поднесат HPLC и вискозни течности.
Lab Instruments е компанија која произведува сертифицирани стандарди на референтни материјали во согласност со ISO17034:2016. Тие нудат комплети спремни за употреба кои содржат повеќекомпонентни мешавини на стотици стандарди на пестициди, корисни за калибрација на GC-MS/MS, GC-HRMS, LC-MS/MS, LC-HRMS, итн. Стандардите вклучуваат мешавини кои се користат за анализа на поларни пестициди во храна од животинско и растително потекло.
Thermo Scientific е бренд на Thermo Fisher Scientific, водечки производител на научна опрема. Нудејќи инструменти, опрема, софтвер и потрошен материјал, Thermo Scientific им овозможува на научниците да решаваат сложени аналитички предизвици во фармацијата, биотехнологијата, заштитата на животната средина, науката и индустриските истражувања, како и во клиничките лаборатории. Нивните производи задоволуваат широк спектар на потреби, вклучувајќи хемиска анализа, карактеризација на примероци и материјали.
PEAK Scientific е водечки иноватор и глобален експерт за производство на доверливи и робусни генератори на азот и водород со високи перформанси, кои се користат за LC-MS, GC, GC-MS и други примени во лаборатории ширум светот.
Veolia е водечки стручњак во индустријата за технологија на води и процеси кога се во прашање најизѕовните проблеми поврзани со вода, отпадни води и процеси. Veolia Sivers анализаторите на вкупен органски јаглерод (TOC) поседуваат патентиран Siversов мембрански кондуктометриски метод и покриваат динамички аналитички опсег од 0,03 ppb до 50.000 ppm, овозможувајќи барани анализи и апликации во различни индустрии.
Memmert е лидер во иновациите за развој на уреди за контрола на температура: клима комори, сушници, инкубатори, како и водени и маслени бањи, кои имаат широка примена во биолошки, фармацевтски и истражувања на прехранбени производи, како и контрола на квалитет. Сите параметри се контролираат со најголема прецизност, како би се обезбедила контролирана атмосфера.
Fedegari Autoclavi SpA произведува машини, системи и компоненти на полето на стерилизација, хемиска биодеконтаминација и контрола на контаминација за биофармацевтика и индустрија на храна во целиот свет. Меѓу другото, Fedegari нуди лабораториски стерилизатори, односно автоклави, погодни за биофармацевтика, микробиологија, храна, козметика и амбалажа. Лабораториските стерилизатори поседуваат иновативна технологија на генерирање пареа и достапни се во вертикални и хоризонтални опции.
Riebesam од 1965 година произведува ефикасни машини за чистење со високи перформанси, како и машини за чистење, дезинфекција и сушење прилагодени на вашите потреби и индивидуални барања. Во прашање се Германски производи од врвен квалитет.
HACH нуди широка палета на инструменти и хемикалии кои се внимателно креирани повеќе од 80 години, за да анализата на вода биде побрза, поедноставна и да резултира со повеќе информации. Нивните производи се користат во лаборатории и во производни процеси, а вклучуваат турбидиметри, фотометри, кондуктометри, pH метри и онлајн анализатори.
Waldner е основан во далечната 1908 година и оттогаш се преориентирал од компанија за обработка на метали до снабдувач на различни индустрии, вклучувајќи фармацевтска, истражувачка, образовна, медицинска, биотехнолошка, автомобилска и други. Waldner произведува мебел од врвен квалитет кој подразбира модуларен концепт. Тоа ви овозможува да дизајнирате лаборатории на многу начини. Лабораторискиот мебел вклучува централни маси, мијалници, дигестори, ормани за одлагање опасни хемикалии, итн.
SOTAX е светски лидер во развојот и производството на висококвалитетна опрема за тестирање во фармацијата, која опфаќа дисолуциони системи и системи за физички тестирања, кои можат да бидат конфигурирани од поедноставни до најсложени, потполно автоматизирани системи. SOTAX-овата опрема се користи насекаде во светот, во развојните и производните процеси, фармацијата и науката. Исто така, овие системи ги исполнуваат сите барања на корисниците и се усогласени со релевантните директиви.
RETSCH е водечки производител на решенија за подготовка на примероци и карактеризација на цврсти форми на материјали. Благодарение на повеќедецениското искуство, RETSCH има развиено опрема за просејување која се карактеризира со одлични перформанси, поедноставена работа, безбедност при ракување и долг животен век. Почнувајќи од 1990 година, RETSCH стана дел од растечката VERDER група, и ја сочинува основата на научната дивизија во групата.