Во подвижните дигестори на компанијата Waldner спаѓаат AeroEm и MobilAir модели.
Waldner **AeroEm** е целосно опремен лабораториски дигестор, изработен во согласност со сите барања на стандардот DIN EN 14175. AeroEm е опремен со тркалца и флексибилни сервисни приклучоци и може да се постави каде што е потребно. Неговото сервисно крило дава дополнителни можности како што се довод на воздух и извлекување на воздух. Горниот дел е направен од целосно проѕирно сигурносно стакло со дупли прегради. Максимална сигурност е загарантирана со комбинирање на посебна технологија на проток од врвот на дигесторот кон долниот дел на работната зона.
Waldner **MobilAir** подвижниот дигестор може да се користи и во режим на отсисен воздух или во режим на рециркулација на воздух како и да се постави каде што е потребно (во режим на рециркулација на воздух). Неговите контролни единици се наоѓаат однадвор. Достапни се три верзии на филтри за безбедно отстранување на загадувачи од околниот воздух:
- Hepa H13 комбиниран филтер со влошка од активен јаглен и филтер за честички тип „BEP” за неоргански гасови и пареи
- Гасен филтер со петслојна подлога од активен јаглен за органски гасови и пареи
- „P”, Hepa H13, Midilar MDSA филтри за одвојување на честички”