Инструменти и решенија за Вашата лабораторија

По 25 години успешна работа, застапувајќи ги водечките светски производители, сублимиравме различни знаења и применивме оптимални решенија за аналитичките барања на нашите корисници. Нашата визија и цел е да станеме силна и доверлива поддршка на секоја лабораторија, што подразбира сервисна и апликативна поддршка, обука на корисниците на нашите инструменти, калибрација и тестирање на опремата, како и дизајн на лаборатории.

Лабораториска опрема - Analysis

Аналитичка опрема

Без разлика дали ви е потребен уред за хемиска анализа, карактеризација на примероци или материјали – можеме да понудиме соодветно аналитичко решение.

Прочитајте повеќе

Генерална лабораториска опрема

Аналисис нуди широк спектар на општа лабораториска опрема, како и проектни решенија за опремување на лаборатории.

Прочитајте повеќе

Опрема за анализа и мониторинг на води

Портфолиото на лабораториска и процесна опрема за анализа на води содржи уреди кои се применуваат во различни производствени процеси, контрола на квалитет на вода за пиење и отпадни води.

Прочитајте повеќе

Опрема за подготовка на примероци

Подготовката на примероци е клучен чекор во секоја аналитичка процедура. Нашето портфолио опфаќа широк спектар техники за подготовка на примероци – од машини за физичка подготовка како што се мелници, преку системи за микробранова дигестија, до автоматизирани уреди за екстракција.

Прочитајте повеќе

Лабораториски мебел и дигестори

Опремете ја вашата лабораторија со функционален лабораториски мебел со висок квалитет и модуларен концепт кој овозможува флексибилност при проектирање на нова или прилагодување на постојна лабораторија.

Прочитајте повеќе

Аналитички решенија

Нашата опрема има широка примена во фармацијата, заштитата на животната средина, производството на храна и пијалаци, други индустрии, како и во науката, форензиката и медицината.

Сервисна поддршка

Нашиот сервисен центар обезбедува професионална и навремена техничка поддршка, со цел вашата опрема да функционира сигурно, прецизно и без прекини. Тимот од сертифицирани инженери нуди стручно одржување, брзи интервенции при ненадејни дефекти и целосна грижа за оперативната сигурност на вашите системи.

Во нашата понуда се вклучени услуги за квалификација на опрема (IQ, OQ, PQ), како и превентивно и предиктивно одржување, со можност за склучување сервисни договори прилагодени на вашите потреби. Нашата цел е да го минимизираме ризикот од застои и да обезбедиме континуитет во вашето работење.

Благодарение на сопствениот возен парк и добро организирана сервисна мрежа, гарантираме брз и ефикасен одговор на терен — како на национално ниво, така и во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Калибрација и испитување

Лабораторијата за калибрација и валидација е акредитирана согласно стандардот ISO 17025 од страна на Акредитационото тело на Србија (ATS), со широк опсег на акредитирани методи и мерни величини.

Со висок степен на стручност, современа опрема и строго контролирани процедури, обезбедуваме сигурни, точни и меѓународно признаени резултати.

Покрај услугите за калибрација и испитување, нудиме и професионален консалтинг, техничка и метрoлошка поддршка поврзана со опрема за следење и мерење.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
https://analysis.mk/wp-content/uploads/2021/10/circles-1.svg

Услуги

Сеопфатната поддршка на нашите корисници претставува основна цел на нашата компанија. Затоа, покрај продажба, сервисирање, одржување, калибрација и валидација, обезбедуваме и професионална обука, како и целосна апликативна поддршка за опремата. Проектирањето лаборатории е нов сегмент во нашата понуда на услуги, произлезен од долгогодишното искуство стекнато преку имплементација на разновидна аналитичка и општа лабораториска опрема. Со интегриран пристап, обезбедуваме функционални, ефикасни и современи лабораториски решенија прилагодени на потребите на клиентите.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Zastupništva

Od samog osnivanja, Analysis sa velikim uspehom sarađuje sa vodećim svetskim proizvođačima laboratorijske opreme, u cilju ispunjavanja zahteva korisnika čiji je rezultat obostrano zadovoljstvo i dugoročna saradnja.

Pročitajte više