Автоклави

Fedegari нуди лабораториски стерилизатори (автоклави) погодни за биофармацевтски и микробиолошки апликации, како и за употреба во индустријата за храна, амбалажа и козметичката индустрија. Овие лабораториски стерилизатори користат иновативна технологија на генерирање пареа која придонесува за ефикасна стерилизација, и достапни се во вертикални и хоризонтални опции. Fedegari веќе 60 години произведува машини и системи во областа на стерилизација, хемиска биодеконтаминација и контрола на контаминација за биофармацевтската и прехранбената индустрија и обезбедува иновативни решенија, претходно веќе тестирани во фармацевтската индустрија, како и решенија прилагодени на вашите единствени потреби.