Електронска микроскопија

Електронски микроскопи користат сноп на забрзани електрони за генерирање слика, при што електроните имаат значително помала бранова должина од видливата и UV светлината која се користи кај оптичките светлосни микроскопи. Самата природа на електроните овозможува поголемо зголемување и подобра резолуција. Електронските микроскопи се делат на две категории, а тоа се трансмисиони електронски микроскопи (ТЕМ) и скенирачки електронски микроскопи (СЕМ). Со нивната моќна резолуција и можност за зголемување, пронашле примена во карактеризација на материјали, производство на полупроводници, биолошки и медицински истражувања. Скенирачки електронски микроскопи (СЕМ) овозможуваат најразновидни испитувања и анализа на микроструктурни карактеристики на цврсти објекти. Со СЕМ можеме да снимиме слика со висока резолуција за примерок со голем зафатнина. Важна карактеристика на СЕМ е длабочината на сликата која ни дава тридимензионален изглед на примерокот. Благодарение на можноста за набљудување и карактеризација на хетерогени органски и неоргански материјали на микрометарска и нанометарска скала, СЕМ стана клучен инструмент во многу истражувачки области, кои опфаќаат се од наука за материјали, преку форензика, индустриско производство, до биолошки и медицински истражувања. Трансмисиона електронска микроскопија (ТЕМ) е техника на снимање слика со висока резолуција во која сноп електрони поминува низ тенок примерок за да се генерира слика. На електронскиот сноп влијаат дебелината и густината на примерокот, неговиот состав и во некои случаи кристалноста. Трансмисиониот електронски микроскоп (ТЕМ) претставува идеално средство за анализа на состав и структура на атомска скала. Ни дава слики на примероци и нивните дефекти во атомска резолуција, заедно со спектроскопски податоци и дифракциони обрасци за суб-нанометарски региони. ТЕМ е незаменлив инструмент во науката за материјали, а со развојот на крио-ТЕМ, сè повеќе се користи и во биолошки и медицински истражувања.

СЕМ - Скенирачка електронска микроскопија

Од првото појавување на електронските микроскопи во 1930-тите, скенирачката електронска микроскопија (СЕМ) станува незаменлива во многу различни полиња на истражување, опфаќајќи области од наука за материјали, форензика, индустриско прои...

Прочитајте повеќе

Десктоп СЕМ - Десктоп скенирачка електронска микроскопија

Од првото појавување на електронските микроскопи во 1930-тите, скенирачката електронска микроскопија (СЕМ) станува незаменлива во многу различни полиња на истражување, опфаќајќи области од наука за материјали, форензика, индустриско прои...

Прочитајте повеќе

ТЕМ - Трансмисиона електронска микроскопија

Трансмисиона електронска микроскопија (ТЕМ) е техника на снимање со висока резолуција во која сликата се создава кога сноп електрони поминува низ тенок слој на примерок. На сноп електрони влијаат дебелината/густината на примерокот, негов...

Прочитајте повеќе

DualBeam инструменти

DualBeam инструментите се скенирачки електронски микроскопи со фокусиран јонски сноп (FIB-СЕМ) кои откриваат структурни и композициски информации на наном'етарско ниво, комбинирајќи прецизна модификација на примерокот со FIB-от со снимањ...

Прочитајте повеќе

ЕФА системи

Намалувањето на компонентите, новите материјали и покомплексната структура ги прават дефектите сè почести - особено кога дизајнот на електричните кола е посебно осетлив на варијации во процесот. Овие дефекти кои не се видливи се откриваа...

Прочитајте повеќе

Системи за модифицирање струјни кола

Технологијата за модифицирање струјни кола (Circuit edit technology) овозможува брзо моделирање за мали исправки на дизајн во различни точки на процесот на производство на интегрирани кола (IC). Модифицирањето може да се врши: после прва...

Прочитајте повеќе

МикроЦТ

Микро-компјутерска томографија (microCT) станала стандардна метода за истражување во науката за материјали бидејќи овозможува да се направат ефикасни квантитативни 3D слики речиси на секој примерок. Испитувањето се врши недеструктивно со...

Прочитајте повеќе

Витрификација на примероци во електронска микроскопија

Витрификацијата формира аморфна цврста супстанца која малку или воопшто не ја оштетува структурата на примерокот. Подготовката со оваа техника е од круцијално значење за истражување на клеточна и структурна биологија, каде примероците се...

Прочитајте повеќе

Детектори за електронска микроскопија

Thermo Scientific Pathfinder рендгенска микроанализа кај скенирачки електронски микроскоп (SEM) со енергетско дисперзивен спектрометар (EDS) и скенирачки електронски микроскоп (SEM) со бранoво дисперзивен спектрометар (WDS) спречува мног...

Прочитајте повеќе

Апликации во електронска микроскопија

Електронските микроскопи користат сноп на забрзани електрони за генерирање слика, при што електроните кои се користат имаат значително помала бранова должина од видливата и UV светлина која се користи кај оптичките светлосни ми...
Прочитајте повеќе