https://analysis.mk/wp-content/uploads/2021/10/circles-4.svg

Апликативна поддршка

ANALYSIS ДООЕЛ тимот навремено ја препозна потребата за развој и унапредување на услугата за пружање на апликативна поддршка на корисниците на нивната опрема. Денес апликативниот тим на ANALYSIS е препознаен од страна на корисниците како доверлив партнер и лидер во својот домен, благодарение на знаењето стекнато преку работа со најновите технологии.

ANALYSIS ДООЕЛ тимот навремено ја препозна потребата за развој и унапредување на услугата за пружање на апликативна поддршка на корисниците на нивната опрема. Денес апликативниот тим на ANALYSIS е препознаен од страна на корисниците како доверлив партнер и лидер во својот домен, благодарение на знаењето стекнато преку работа со најновите технологии.

ANALYSIS обезбедува апликативна поддршка во индустријата на фармација, заштита на животната средина, храна и пијалаци, и други индустрии, како и во науката и медицината.

Нашите апликативни програми ги водат искусни менаџери со високо стручно образование од областа на физичката хемија, хемијата, биохемијата, технологијата и фармацијата, кои пружаат стручна помош на корисникот – од избор на соодветна опрема и изведување рутински анализи, до развој и имплементација на исклучително сложени и посебно барани аналитички методи.

Во доменот на апликации, ANALYSIS на своите корисници им нуди следниве услуги:

  • Консалтинг при одбирање методологија и оптимална лабораториска опрема во согласност со барањата на корисниците
  • Развој и имплементација на аналитички методи
  • Валидација/верификација на аналитички методи

Консалтинг при одбирање лабораториска опрема

Во доменот на консалтинг, апликативната поддршка на ANALYSIS може да ви понуди сеопфатни и соодветни решенија во поглед на одбирање соодветна методологија и инструментација во зависност од вашите барања и потреби.

Преку конструктивни разговори со вас, нашиот тим за апликативна поддршка пристапува кон детално и правилно дефинирање на вашето барање, што подразбира утврдување на параметрите кои треба да се определат/анализираат, со цел избор на соодветна методологија и, конечно, неопходната инструментација.

Во оваа фаза на консалтинг се трудиме да, таму каде што е применливо, постигнеме исполнување на следниве критериуми:

  • Точност
  • Прецизност
  • Осетливост
  • Количина на примерок
  • Селективност
  • Природа на примерокот
  • Деструктивност/недеструктивност на техниката
  • Доверливост
  • Едноставност
  • Време на траење на анализата
  • Економска исплатливост

Во соработка со нашиот сектор за продажба, ви доставуваме најдобро можно финансиско решение во форма на понуда.

Развој и имплементација на аналитички методи

Услугата за развој и имплементација на аналитичка метода според ваш избор подразбира нејзин развој и воведување во рутинска употреба во вашата лабораторија, без оглед дали станува збор за стандардна метода, модифицирана стандардна метода или нестандардна метода.

During овој постапка, апликативната поддршка на ANALYSIS може да ви пружи услуга која би подразбирала следниве фази и активности:

I Фаза: Подготовка

  • Список на неопходни хемикалии и придружна опрема со проценети количини, во зависност од бројот на матрикси опфатени со методата
  • Детален план за развој на метода со временски рамки

II Фаза: Развој на метода

  • Развој и воведување на метода
  • Консултации во врска со изведувањето експерименти во согласност со планот за развој на методата
  • Обработка и анализа на добиените експериментални резултати

III Фаза: Валидација и имплементација на метода

  • Детален валидационен план со временски рамки за изведување експерименти
  • Обработка на резултатите од валидацијата
  • Изработка на работно упатство
  • Изработка на извештај за валидација на методата
  • Проценка на мерната несигурност
  • Изработка на извештај за проценка на мерната несигурност
  • Изработка на план за интерна контрола на квалитетот на методата
  • Изработка на контролни карти во согласност со планот за интерна контрола на квалитетот на методата

Валидација / верификација на аналитички методи

Репутацијата на вашата лабораторија, како и нејзината конкурентност на пазарот, многу зависат од можноста да докажете дека испитувањата кои ги вршите се доверливи, а резултатите валидни.

Примарната цел на лабораториските испитувања е добивање доверлив резултат кој е во согласност со пропишаните барања, спецификации, стандарди, правилници и/или закон.

Во текот на постапката на валидација/верификација, апликативната поддршка на ANALYSIS може да ви пружи услуга која би подразбирала следниве фази и активности:

I фаза: Подготовка за валидација на методата

  • Список на неопходни хемикалии и придружна опрема со проценети количини во зависност од бројот на матрикси опфатени со валидацијата
  • Детален валидационен план со временски рамки

II фаза: Валидација на методата

  • Развој и воведување на методата
  • Изработка на работно упатство и изведување експерименти во согласност со валидациониот план
  • Обработка на резултатите од валидацијата
  • Изработка на извештај за валидација на методата
  • Проценка на мерната несигурност
  • Изработка на извештај за проценка на мерната несигурност

III фаза: Интерна контрола на квалитетот на методата

  • Изработка на план за интерна контрола на квалитетот на методата
  • Изработка на контролни карти во согласност со планот за интерна контрола на квалитетот на методата

Со годините искуство зад нас, можеме да речеме дека скоро секое ваше барање можеме успешно да го решиме. Во секој наш потфат се трудиме да дадеме максимум, така што на секој корисник му посветуваме доволно време во текот на целиот проект, без оглед на тоа која услуга од нашиот портфолио се однесува.