Лабораториски маси

SKU: 9150

Waldner лабораториските маси имаат широк спектар на употреба во лаборатории од сите намени. Тие обезбедуваат флексибилност со интегрирање на неопходните инсталации и самиот мебел. Одлична стабилност, дизајн и изглед: прецизни челични профили со зајакнати попречни стабилизатори се користат за рамките на масите така што лесно можат дури да издржат оптоварување од 200 кг. Нивната вкупна хомогена завршна обработка „powder coating” штити од надворешни влијанија, создавајќи беспрекорен изглед и гарантирана долготрајност.

Големиот избор на рамки овозможува да се исполнат сите барања поставени пред лабораториските работни единици – од лесно и оптимално чистење на подот до поголем простор за нозе и ергономско седење.

Достапни се различни рамки на клупи:

  •  H-рамка
  •  C-frame
  •  Cantilever
  •  Носечка подстолна единица
  •  Мобилна маса

заедно со голем избор на специјални маси:

  •  Маса за аналитички ваги
  •  Полица за тешки апарати
  •  Подвижна маса за тешки апарати
  •  Маса прилагодлива по висина
  •  Лизгачки елементи

Материјалот на работната плоча може индивидуално да се одбере според потребите на корисникот. Достапни материјали:

  •  меламинска смола
  •  полипропилен
  •  Епокси
  •  Не’рѓосувачки челик
  •  Цврст (класичен) ламинат
  •  Полн (класичен) ламинат
  •  EBC површина
  •  монолитна керамика
  •  плоча од керамика и композит
  •  калено стакло

Погледнете го Техничкиот каталог за подетални информации за лабораториските маси и контактирајте нè да ви помогнеме да најдете најдобро решение за вашата лабораторија.

Достапно во земји :