Ламинарни комори, изолатори и H2O2 деконтаминатори

Заштита на производот или процесот на кои работите од витално значење е - како што е и безбедноста на корисниците и зачувувањето на животната средина. За да се постигне сето наведено, на сцена стапуваат уреди како ламинарни комори, изолатори и H2O2 деконтаминатори. Bioquell е глобален лидер за системи за биодеконтаминација, специјализиран за дизајн и производство на единствена технологија која користи пареа на водород пероксид, со идеја да ја заштити вашата работа од биолошки загадувачи. Нивните решенија - изолатори и H2O2 деконтаминатори - ќе ги елиминираат проблематичните габи, спори, бактерии, вируси и сл. и ќе осигураат заштита на вашите примероци. Од друга страна, Thermo Scientific нуди ламинарни комори со сертифицирани перформанси и докажана заштита која ја нудат.