Дисолуциони системи и системи за тестирање на цврсти форми

Дисолуционите тестови (тестови за брзина на растворање) се користат во фармацевтската индустрија за да се карактеризираат својствата на растворање на активната супстанца на лекот, ослободувањето на активната супстанца, како и растворањето од формулацијата на лекот. Стандардните таблети обично се тестираат со примена на методот на лопатки (USP 2), капсулите и слични "лесни - плутачки" форми се тестираат со методот на корпички (USP 1), додека за трансдермалните форми се користат методите на лопатка преку диск (USP 5) и ротирачки цилиндер (USP 6). Исклучително е интересен и методот на проточна ќелија (USP 4 / EP проточна ќелија) кој нуди целосна флексибилност во користењето на различни волумени на медиум и овозможува тестирање на практично сите форми на дозирање: прашоци, суспензии, супозитории, API, липофилни форми, липозоми, микросфери, получврсти материи, импланти, како и медицински средства, вклучувајќи и стентови. Покрај тестовите за брзина на растворање, цврстите фармацевтски форми се тестираат заради утврдување на усогласеноста на физичките својства: распадливост, абење, цврстина, проточност на прашоци... Сите инструменти за овие тестирања имаат можност за самостојно управување, а можна е и интеграција со најсовремениот софтвер за управување со податоци и известување - во целосна согласност со барањето 21 CFR 11.

Испитување на брзината на растворање (дисолуционен тест) USP 1/2/5/6

Дисолуционите тестови (тестови за брзина на растворање) се користат во фармацевтската индустрија за да се карактеризираат својствата на растворање на активната супстанца на лекот, ослободувањето на активната супстанца, како и растворањет...

Прочитајте повеќе

Испитување на брзината на растворање (дисолуционен тест) USP 4

Методот на проточна ќелија (USP 4 / EP проточна ќелија) нуди целосна флексибилност во користењето на различни волумени на медиум и овозможува тестирање на практично сите форми на дозирање: прашоци, суспензии, супозитории, API, липофилни ...

Прочитајте повеќе

Инструменти за тестирање физички карактеристики на цврсти форми

SOTAX нуди решенија за испитување на физички својства на таблети, капсули и други цврсти форми на дозирање: сигурни, прецизни и лесни за ракување тестери за цврстина на таблети и тестери за распаѓање, робусни уреди за испитување на кршли...

Прочитајте повеќе