Соодветната обука е предуслов за безбедно и правилно користење на инструментите. Согласно тоа, посебен акцент ставаме на квалитетот на обуката, за да обезбедиме успешна работа на нашите корисници и оствариме долгорочна соработка. Оттаму, во рамки на ANALYSIS сервисниот центар е организирана поддршка на корисниците во вид на стручна обука за ракување со инструменти и придружен развој на апликации според нивните потреби.
Покрај пружањето на основна обука за работа на инструменти и во софтвер, кои подразбираат и сертификација на корисниците, нудиме и напредна обука. Благодарение на тимската работа, стручноста и посветеноста на нашите колеги со мултидисциплинарно знаење, во можност сме да одговориме и на сложените барања на нашите корисници.
ANALYSIS тимот за сервис и апликации моментално брои повеќе од петнаесет високо квалификувани членови, кои константно се усовршуваат преку работа на најновите технологии. Сервисните инженери кои вршат обука поминале специјализирани курсеви за предметната опрема во тренинг центрите на производителите, што е потврдено со соодветни сертификати. Освен во сервисирањето на опремата, повеќето од тимот имаат искуство и во работа на различни инструменти и аналитички техники, што придонесува за квалитетот на обуката.
Инсталацијата на инструменти и основна обука кај нас се подразбираат и секогаш се вклучени во цената на уредот. Обуката ја одржуваме на локацијата на корисникот, или во ANALYSIS тренинг центарот, а доколку е можно и онлајн, на тој начин нудејќи флексибилност и намалувајќи ги трошоците.
Задоволните корисници и долгата листа на референци се најдобра илустрација на нашата стручна поддршка и дополнителна мотивација за уште поуспешна работа.