Sotax

SOTAX е светски лидер во развојот и производството на висококвалитетна опрема за тестирање во фармацијата, која опфаќа дисолуциони системи и системи за физички тестирања, кои можат да бидат конфигурирани од поедноставни до најсложени, потполно автоматизирани системи. SOTAX-овата опрема се користи насекаде во светот, во развојните и производните процеси, фармацијата и науката. Исто така, овие системи ги исполнуваат сите барања на корисниците и се усогласени со релевантните директиви.

SOTAX – Фармацевтско тестирање

Дисолуционите тестови (тестови на брзина на растворање) се користат во фармацевтската индустрија за да се карактеризираат својствата на растворање на активната супстанца на лекот, ослободување на активната супстанца, како и растворање од формулацијата на лекот. Стандардните таблети обично се тестираат со примена на метод на лопатки (USP 2), капсули и слични „лесни – плутачки” форми се тестираат со метод на корпички (USP 1), додека за трансдермални облици се користат методи на лопатки преку диск (USP 5) и ротирачки цилиндер (USP 6).

Исклучително е интересен и методот на проточна ќелија (USP 4 / EP проточна ќелија) која нуди потполна флексибилност во користењето на различни волумени на медиуми и овозможува тестирање практично на сите облици на дозирање: прашоци, суспензии, супозитории, API, липофилни облици, липозоми, микросфери, полуцврсти материи, импланти, како и медицински средства, вклучувајќи и стентови.

Компанијата SOTAX AG е светски лидер во производството на дисолуциони системи. Тие можат да се конфигурираат од наједноставни, мануелни, до високо софистицирани, потполно автоматски. Analysis е од 2013 година ексклузивен застапник на компанијата SOTAX на територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, и Северна Македонија.

AT Xtend Мануелниот апарат е едноставен за ракување, но со напредни опции за надзор на процесот. Апаратот користи SOTAX проверена технологија „HollowShaft”, која пружа наједноставен и гарантирано повторлив процес на рачно земање примероци – патентиран и единствен во светот на дисолуциони апарати. Овој систем овозможува и програмирање на температурата на поединечни садови пред земање примероци. Исто така, мануелниот апарат може да се претвори во полуавтоматски во било кое време, со едноставно додавање на наменски Xtend модули. AT Xtend дисолуциониот апарат овозможува изведување на тестови за сите официнални USP 1/2/5/6 методи, како и за неофицинални методи.

ATS Xtend „Offline” или „Online” е полуавтоматски дисолуционен систем кој автоматски повлекува, филтрира и собира примероци во епрувети, LC виали со затворач или микроплочи или очитува на UV-Vis Спектрофотометар. Автоматизацијата на чекорите на дисолуциониот тест ги прави високо повторливи, ја подобрува точноста и го поедноставува преносот на методи. Примероците се истовремено земаат од 6 до 8 садови. Заснован на успехот на претходните SOTAX дисолуциони системи, системот ATS Xtend може флексибилно да се конфигурира за методи 1/2/5/6 со различни корпички, лопатки, ротирачки цилиндри итн.

CE7 Smart е апарат заснован на метод на проточна ќелија (USP 4 / EP проточна ќелија) нуди потполна флексибилност во користењето на различни волумени на медиуми и овозможува тестирање практично на сите облици на дозирање. Докажано е дека растворањето и испитувањето на ослободување на лековитата супстанца, со помош на проточна ќелија, го карактеризира активното ослободување на лекот во смисла на биоеквиваленција и in-vitro / in-vivo корелација (IVIVC) и може да се користи и во клинички студии. Сега со веќе 30 години искуство, SOTAX бил пионер во оваа техника и прв производител кој развил стандардизирана проточна ќелија која може да се користи за тестирање.

Покрај тестовите на брзина на растворање, цврстите фармацевтски облици се тестираат заради утврдување на усогласеност на физичките својства: распадливост, абење, цврстина, проточност на прашоци… Сите инструменти за овие тестирања можат да се управуваат самостојно но се и спремни за едноставна интеграција со најсовремениот софтвер за управување со податоци и известување – во потполна согласност со барањето 21 CFR 11.

SOTAX во програмата има следни апарати за мерење физички карактеристики:

  • Тестер на тврдост (рачен MT50, полуавтоматски ST50, автоматски AT50)
  • Тестер на распадливост (DT50 и DT2)
  • Тестер на абење (FT2)
  • Тестер на тапкана густина (TD1)
  • Тестер на проточност на прашоци (PF1)
  • Тестер на обртен момент на затворачи (TM200)

Посебна област во производната програма на SOTAX е автоматската подготовка на примероци за тестирање на цврсти или течни орални дозни облици, API-ја, креми и масти. Автоматизираната подготовка на примерок ја зголемува лабораториската продуктивност со минимизирање на трошењето на ресурси за повторливи задачи.
SOTAX исто така нуди и софтвер за управување со податоци кој се занимава со различни аспекти на прибирање, анализа, одобрување и евалуација и известување. Од поединечни работни единици до повеќе умрежени инструменти, SOTAX софтверските решенија помагаат на вашата организација да ги исполни сите барања на FDA и 21 CFR, дел 11 регулатива за електронско водење на евиденција на податоци.