По Белград и Љубљана, следеше уште еден регионален семинар – овој пат во Сараево. Семинарот се одржа на 2 ноември, а темите се однесуваа на актуелните прашања и најновите решенија на производителот Thermo Fisher Scientific во областа на современите аналитички техники, со фокус на течна, гасна и јонска хроматографија, масена спектрометрија и елементарна анализа.
Семинарот беше организиран во соработка со Федералниот завод за земјоделство Сараево, кој истовремено беше домаќин на настанот. Нашиот партнер и гостин, лабораторијата ABioTech d.o.o, ги сподели своите искуства во областа на анализа на храна, а претставен беше и проектот EU4PHITO.
Покрај размената на знаење и искуство во областа на аналитичките техники и релевантните апликации, гостите на семинарот имаа можност да ги посетат Испитните лаборатории на Заводот за контрола, каде што им беа претставени имплементираните методи. Овој динамичен ден беше затворен со, веќе традиционална, наградна игра и дружење со ручек.