Во духот на долгорочната традиција, Analysis d.o.o. организираше семинар на тема „Advanced Analytical Techniques in Food, Environment and Pharma“. Семинарот се одржа на 6 април во Hotel Hyatt Regency Beograd, собирајќи повеќе од 300 учесници од различни институции низ регионот.
Заедно со нашите партнери од компаниите Thermo Fisher Scientific и Lab Instruments S.R.L., ги претставивме најновите достигнувања и новости во релевантните аналитички техники како што се масена спектрометрија, течна, гасна и јонска хроматографија, како и елементална анализа, со фокус на апликации во областа на животната средина, прехранбената индустрија и фармацијата.
Посебна благодарност изразуваме до колегите – корисници на инструменти од Thermo Fisher Scientific, кои се одзваа на нашиот повик да ги споделат своите искуства и резултати со останатите учесници на семинарот.
Како изгледаше целиот настан, погледнете во нашата галерија со слики!

