Thermo Scientific™ Talos L120C™ ТЕМ е 20-120 kV (скенирачки) трансмисионен електронски микроскоп (С/ТЕМ) со термиониски извор, кој е единствено дизајниран за продуктивност и добри перформанси со широк спектар на примероци и апликации, како што се 2D и 3D снимање на клетки, клеточни органели, азбест, полимери и меки материјали, како на собна така и на криогена температура. Thermo Scientific Talos L120C ТЕМ е дизајниран така што им овозможува на корисници со различен степен на познавање на електронска микроскопија да постигнат резултати со висок квалитет со минимален напор. Им овозможува на истражувачите да се фокусираат на прашања од научно значење, а не на работата на микроскопот, благодарение на брза софистицирана автоматизација заедно со напредни автоматски постапки за 3D снимање.
Корисни врски: