Talos F200C ТЕМ

SKU: 4259

Thermo Scientific™ Talos™ F200C ТЕМ е 20-200 kV (скенирачки) трансмисионен електронски микроскоп (С/ТЕМ) со термоjонски извор на електрони, кој е единствено дизајниран за продуктивност и добри перформанси со широк спектар на примероци и апликации, како што се 2D и 3D снимање на клетки, клеточни органели, азбест, полимери и меки материјали, како на собна така и на криогена температура. Овозможува висок квалитет на снимање на материјали чувствителни на електронски сноп со опционен, моторизиран (кој се повлекува и извлекува), криогенски додаток и техника на мали дози. Може да се додаде и детектор за енергетски дисперзивно рентгенско зрачење (EDS) од страна за да се овозможи хемиска анализа. C-Twin објективот со голем размак помеѓу леќите, кој обезбедува висока флексибилност на примена, во комбинација со репродуктивна електронска колона со добри перформанси, отвора нови можности за 3D карактеризација на висока резолуција, дифракција, како и за in situ динамички набљудувања, со посебен нагласок на ТЕМ снимање со висок контраст и крио-ТЕМ. Thermo Scientific Talos F200C С/ТЕМ е опремен со Thermo Scientific™ Ceta 16M™ (4k × 4k) камера со големо видно поле, брза аквизиција на слика, висока осетливост и на 64-битна платформа. Освен тоа, Thermo Scientific™ Maps™ софтвер овозможува интуитивна навигација заснована на слика, преку целата површина на примерокот и лесна корелација на резултатите на платформите за снимање.

Достапно во земји :