Thermo Scientific™ Talos™ F200X С/ТЕМ е (скенирачки) трансмисионен електронски микроскоп (С/ТЕМ) кој комбинира вонредна STEM и ТЕМ слика со висока резолуција со водечки детектор за енергетско дисперзивно рентгенско зрачење (EDS) во индустријата. 2D и 3D хемиска карактеризација со mapирање се изведува со единствено чист сигнал користејќи четири SDD Super-X детектори монтирани во колоната. Овој С/ТЕМ овозможува најбрза и најпрецизна EDS анализа во сите димензии, заедно со ТЕМ и STEM снимање со висока резолуција (HRTEM и HRSTEM) со брза навигација за динамичка микроскопија. Освен тоа, кај Talos F200X С/ТЕМ е намалена чувствителноста на околината; инструментот има куќиште кое ги ублажува влијанијата на промените на воздушниот притисок, струењето на воздухот и фините варијации на температурата во просторијата во која се наоѓа ТЕМ.