Axia Thermo Scientific™ ChemiSEM™

SKU: 3912

Thermo Scientific™ Axia™ Thermo Scientific™ ChemiSEM™ скенирачки електронски микроскоп (СЕМ), за разлика од традиционалните СЕМ инструменти, континуирано обработува EDS податоци во позадина, овозможувајќи ажурирање на аналитички информации во реално време. Користејќи единствени алгоритми за истовремена обработка на СЕМ и EDS сигнали, овозможува прикажување на морфологијата и квантитативниот елементален состав на примерокот истовремено. Елементите кои се наоѓаат во примерокот можат да се прикажуваат по избор, што овозможува изолирање на подрачја од интерес. Thermo Scientific™ Axia Thermo Scientific™ ChemiSEM™ микроскопот се одликува со врвно корисничко искуство подобрено со автоматизација, која подразбира Thermo Scientific™ SmartAlign™ технологија за автоматско порамнување на сноп, нови автоматски функции, како и квантитативно мапирање на EDS-от во реално време. Поради константната обработка на EDS податоци, анализата е двојно побрза во однос на традиционалните методи. Електронскиот микроскоп за скенирање Thermo Scientific™ Axia Thermo Scientific™ ChemiSEM™ ја прави СЕМ/EDS анализата достапна за пошироката научна заедница, го забрзува работниот процес и заштедува време за обука.

Достапно во земји :