Скенирачкиот електронски микроскоп (SEM) Thermo Scientific™ Apreo™ 2 овозможува високо-перформансно снимање и ја прави аналитиката достапна за сите, без оглед на нивото на експертиза во електронската микроскопија. Благодарение на технологијата Thermo Scientific™ ColorSEM™ – единствената можност за моментална елементарна анализа – информациите за хемискиот состав на примерокот се секогаш достапни, и тоа преку интуитивен интерфејс. Технологијата Thermo Scientific ColorSEM нуди пократко време за добивање резултати и леснотија во користење, елиминирајќи ги сите проблеми поврзани со типичната имплементација на EDS. Thermo Scientific Apreo 2 SEM ,исто така, ја користи технологијата Thermo Scientific™ SmartAlign™, автоматско усогласување (Align) на оптичкиот систем. Со SmartAlign, потребата за поставување на SEM за корисниците и менаџерите на лабораториите е помала. Покрај тоа, Apreo 2 SEM го автоматизира процесот на фино подесување на сликата со технологијата Thermo Scientific™ FLASH™, која ги извршува сите потребни корекции за центрирање на леќата, стигматорот и конечното фокусирање на сликата. Комбинацијата на овие технологии им овозможува на корисниците кои немаат искуство со електронска микроскопија да постигнат супериорни перформанси. Apreo 2 SEM е единствениот SEM со резолуција од 1 nm на аналитичко работно растојание (WD) од 10 mm.