Quattro ЕСЕМ

SKU: 3953

Thermo Scientific™ Quattro™ ЕСЕМ скенирачки електронски микроскоп комбинира многубројни перформанси за снимање на слики и аналитика со единствениот environmental режим на вакуум (ЕСЕМ), и овозможува проучување на примероци во нивната природна состојба. Погоден е за индустриски, академски и други државни лаборатории на кои им е потребен инструмент кој нуди разновидност, а притоа и едноставна употреба. Идеален е за лаборатории со голем број корисници кои имаат различни нивоа на искуство. Овозможува примена во различни дисциплини, а платформата е единствена, бидејќи овозможува in situ експерименти. Thermo Scientific Quattro ЕСЕМ поседува FEG извор на електрони (FEG gun), кој обезбедува одлична резолуција, додека трите режими на вакуум (висок, низок и ЕСЕМ) обезбедуваат флексибилност за работа со широк опсег на примероци, вклучувајќи и оние кои испаруваат или не се соодветни за анализа под вакуум. Thermo Scientific Quattro ЕСЕМ е многу versatилна аналитичка платформа, благодарение на комората која овозможува сместување на разни додатоци. Аналитичките способности вклучуваат рентгенска енергетско дисперзиона спектроскопија (EDS) со портови за два EDS детектори под агол од 180 степени, детектор за дифракција на повратно расеани електрони (EBSD) кој е коплонарен со EDS детекторот, и детектор за рентгенска бранова дисперзиона спектроскопија (WDS). Thermo Scientific Quattro ЕСЕМ опционално може да има маса за примероци која овозможува нивно загревање во висок вакуум, Thermo Scientific™ AutoScript™ 4 софтвер (scripting алатка базирана на Python програмскиот јазик – снимањето на слики и поместувањето на масата за примероци може да биде програмирано за собирање податоци без присуство на оператер) и нов RGB (црвена, зелена, сина) катодолуминесцентен (CL) детектор (произведува слики во бои, откривајќи карактеристики на примерокот кои не се видливи со конвенционални техники на снимање или техники на снимање со X-зраци).

Корисни врски:

Платформа за загревање на примероци под висок вакуум

RGB като-луминисцентен детектор

Достапно во земји :