ISO 9001
Во компанијата ANALYSIS , квалитетот е секогаш на прво место. Горди сме на имплементацијата и сертификацијата на Системот за управување со квалитетот (QMS) согласно стандардот ISO 9001:2015. Овој стандард ја потврдува нашата посветеност кон обезбедување производи и услуги со највисок квалитет, исполнување на барањата на клиентите и континуирано усовршување на нашите деловни процеси.
Опсег на Сертификација ISO 9001:2015
Сертификатот ги опфаќа следниве клучни активности на компанијата ANALYSIS:
- Големопродажба, одржување и сервисирање на лабораториска опрема, лабораториски мебел и потрошен материјал
- Калибрација и тестирање на лабораториска опрема
- Проектирање и развој на услуги за квалификација, апликации и обука на клиентите