датум:

Спонзорство и учество на Лабораторијата на конференцијата – 14th Photonics Workshop

Лабораторијата за калибрација и валидација Analysis d.o.o. на почетокот на оваа година учествуваше и беше спонзор на меѓународната конференција од областа на светлосни величини под назив 14th Photonics Workshop, одржана на Копаоник. Главни спонзори на меѓународната конференција беа Оптичкото друштво на Србија, Министерството за образование, наука и технолошки развој и компанијата Analysis d.o.o.

Учествувавме со труд од областа на спектрофотометриски мерења, во соработка со Националниот институт за метрологија – Дирекција за мерки и скапоцени метали, Централниот институт за конзервација и Електротехничкиот факултет во Белград, под назив: “Metrological observation spectrophotometric standard referent materials SRM”.

Споделете: