Лабораторијата за калибрација и валидација учествуваше на престижната 66. конференција ETRAN и 9. меѓународна конференција IcETRAN, која се одржа од 6 до 9 јуни 2022 година во Нови Пазар, каде беа претставени два труда на тема метрологија на боите и примена на ласери, чиј коавтор е:
ДЕСКРИПЦИЈА, ХЕРИТОЛОГИЈА И МЕТРОЛОГИЈА НА БОЈАТА
Човечкиот перцепт за боите има многу аспекти, почнувајќи од човековото доживување на светот околу себе до медицински поими кои вклучуваат далтонизам, но (во секојдневието) најпозитивен и најхуман е човековото чувство за дел од денот или ноќта (месец или година), за уживање во херитолошкото богатство што ни го оставиле предците, не само во црно-бело. Истражувањата кои ја проценуваат човечката возраст, постоењето и развојот на човечките суштества, како и настанувањето и еволуцијата на флората и фауната, мора да се третираат мултидисциплинарно, без разлика дали се ползува од карпи, сталактити и сталагмити, длабочини на морето, траги во атмосферата или потрага по планета слична на Земјата.
Во трудот се даваат неколку пристапи кон бојата и колориметријата од аспект на различни научни дисциплини. Прикажана е улогата на ласерите во новите проблематики, квантитативни дефиниции на бојата и нејзините индикатори. Во областа на мерењата, се презентира пристап од аспект на филтри и коректно опишување на состојбите и делувањето на избраните филтри со современо изразување на резултатите и мерните методи. Констатацијата на бојата и нејзината дескрипција има голема улога во секојдневниот живот, како и во одредени технички и медиумски примени, вклучувајќи хуманистички и технички науки.
ПРОТО-КОНЦЕПТУАЛНИ РЕШЕНИЈА ВО ПРИМЕНА НА ЛАСЕРИ ВО ХЕРИТОЛОГИЈАТА
Критичките преиспитувања на постапките кои со делување врз материјалите се применуваат во конзервација-реставрација на предмети на културното наследство, опфаќаат општи и посебни прашања за користење нови технологии, особено ласери, во однос на класичните пристапи на заштита на артефакти со археолошка, историска или уметничка вредност. Прашањето за етичноста се разгледува од повеќе аспекти кои се однесуваат на материјалните и нематеријалните постапки кон предметите на заштита, со цел исполнување на зададената функција на избраната техника, под услови на највисок степен на безбедност и еколошка заштита.
Во овој труд фокусот на истражувањето е карактеризација на протоконцептуални решенија при примена на ласери на материјалите на предметите на наследството, со цел утврдување на експликаторните разлики во објаснувањето на потребите за примена на класичните пристапи на конзервација-реставрација на културното наследство, со посебен осврт на доменот на таутолошките практики.