Благодарение на препознавањето на важноста на научната работа, Лабораторијата за калибрација и валидација на Analysis d.o.o. се појавува со своите резултати на најзначајните собири, како во земјата така и во странство.
Лабораторијата втор пат по ред активно учествува на меѓународната конференција посветена на науката за мерења под називот International Metrology Congress (CIM 2021).
По конференцијата во Париз одржана во 2019 година, со објавен труд од областа на мерење на турбидност, годинава повторно учествувавме на меѓународниот конгрес одржан во Лион, Франција, од 07. до 09. септември. Претставивме труд од областа на метрологијата на спектрофотометриски величини, во соработка со Националниот институт за метрологија – Дирекција за мерења и благородни метали и Факултетот за електротехника, под наслов:
“Metrological observation spectrophotometric standard referent materials SRM”.
Претставените трудови на овие собири постигнаа значаен успех.