Карактеризација на материјали

Карактеризацијата на материјалите, како фундаментален процес во областа на науката за материјали, се однесува на процесот со кој се испитуваат и мерат структурата и својствата на материјалите. Техниките за карактеризација на материјали може да ја проучуваат микроскопската структура и својства на материјалите, а исто така може да бидат и макроскопски техники како што се механичко испитување, термичка анализа и пресметки на густината. Освен електронски микроскопи и техники за surface анализа на материјали (види страници електронска микроскопија, елементална анализа и карактеризација на честички), нудиме и реометри, вискозиметри, поларометри и рефрактометри. Вискозиметрите ја мерат вискозноста и својствата на течностите, додека реометрите се користат за испитување на однесувањето на не-њутновските течности и даваат податоци за тоа како флуидот реагира на применета сила или напрегање, потенцијално давајќи податоци за структурата и еластичноста на материјалите. Поларометрите се користат за мерење на аголот на оптичка ротација на светлината, а рефрактометрите за мерење на индексот на пречупување. Овие инструменти наоѓаат примена во која било област која бара проучување на својствата на флуидноста, како што се испитувањето на храна и пијалоци, хемиската индустрија, индустријата за бои и мазива, науката за материјали, фармацевтската индустрија, нафтената индустрија итн.

Реометри

Thermo Scientific реометрите и вискозиметрите се дизајнирани за прецизно мерење на својствата на течностите и други сложени материјали, овозможувајќи ви детална и сеопфатна карактеризација на вашиот материјал. HAAKE реометрите на компани...

Прочитајте повеќе

Вискозиметри

Thermo Scientific реометрите и вискозиметрите се дизајнирани за прецизно мерење на својствата на течностите и други сложени материјали, овозможувајќи детална и сеопфатна карактеризација на материјалите. HAAKE вискозиметрите на компанијат...

Прочитајте повеќе

Екструдери

Thermo Scientific екструдерите ви нудат скратено време за влез на пазар и контролирана, континуирана обработка. Екструдерите користат притисок и мешање за да го олеснат мешањето на различни примероци или примероци заедно во бројни примен...

Прочитајте повеќе

Поларизациски Мерачи (Поларметри)

Поларметрите се користат за мерење на ротацијата на поларизираната светлина која се случува при нејзиното поминување низ примерок на оптички активна супстанца. Овие инструменти често се користат за определување на концентрацијата на супс...

Прочитајте повеќе

Рефрактометри

Рефрактометрите се аналитички инструменти кои користат принцип на рефракција, за да го измерат индексот на преламање (RI) на супстанцата. Рефрактометрите се користат за определување на чистотата и концентрацијата на состојки на лекови, м...

Прочитајте повеќе

Апликации во областа на карактеризација на материјали

Реометрите и вискозиметрите се инструменти кои се користат за карактеризација на различни материјали. Вискозиметрите ја мерат вискозноста и своствата на проток на течности, додека реометрите, нивните софистицирани сродници, го ...
Прочитајте повеќе