Реометрите и вискозиметрите се инструменти кои се користат за карактеризација на различни материјали. Вискозиметрите ја мерат вискозноста и своствата на проток на течности, додека реометрите, нивните софистицирани сродници, го мерат начинот на кој течноста реагира на применото смолкнување или напон, потенцијално давајќи податоци за структурата и еластичноста на материјалите. Овие инструменти наоѓаат примена во било која област која бара проучување на својствата на проток, како на пример:
- Тестирање на храна и пијалоци
- Хемиска индустрија
- Индустрија за бои и мазива
- Наука за материјали
- Фармацевтска индустрија
- Нафтена индустрија и др.
Поларметрите се користат за мерење на аголот на оптичка ротација на светлината, при што до ротација доаѓа при поминување на светлината низ супстанца. Поларметријата е осетлива, неразорна техника. Исклучително е застапена во индустријата за преработка на шеќер, за определување на видот на шеќер или за контрола на нивната чистота. Покрај тоа, се користи во контрола на квалитет и процеси, како и во истражување и развој во фармацевтската, хемиската, индустријата за етерични масла, арома и прехранбената индустрија.
Рефрактометрите се користат за мерење на индексот на преламање, кој е една од карактеристиките на супстанцата. Со определување на индексот на преламање може да се добие информација за концентрацијата на супстанцата, густината на средината, содржината на нечистотии, а со тоа и за квалитетот на анализираниот примерок. Рефрактометрите широко се користат во истражувачки лаборатории, како и во истражување и развој, и контрола на квалитет во фармацевтската, прехранбената индустрија и индустријата за парфеми и мириси.