LC-MS брзо станува една од најраспространетите аналитички пристапи. Поради широката област на примена, брзиот развој на методите и техничките подобрувања, LC-MS поттикнува нова ера во истражувачки и рутински лаборатории. GC-MS, „моторот” на рутинските лаборатории ширум светот, е во широка употреба поради едноставно одржување, можноста за користење на библиотеки на спектри и ниските трошоци. Портфолиото на апликации на компанијата Thermo Scientific™ предлага нови аналитички пристапи кон овој проверен метод.
ICP-MS е неодамна развиен комбиниран пристап кој спојува две аналитички техники во непреварзиено решение за елементарна анализа. Апликациите на компанијата Thermo Scientific даваат детали за техничката поставка и резултатите добиени со овој пристап.
IC-MS е нов пристап за анализа на многу поларни соединенија, кој решава проблеми со лошо раздвојување и компликувана подготовка на примероци. Иако главната област на примена на
IC-MS е анализа на поларни пестициди, IC-MS се развива во широко применлива и ефикасна техника, која наоѓа примена во различни биофармацевтски истражувања и истражувања на животната средина.
Технологијата на масена спектрометрија на однос на изотопи (IRMS) на Thermo Scientific, за анализа на односи на стабилни изотопи на водород, јаглерод, кислород, азот и сулфур, може да обезбеди корисни информации и има широк спектар на примени, како што се форензика, рутинска контрола на допинг, автентичност на храна, животна средина и палеоклиматски истражувања.
Широко применуван во металургијата, GD-MS е поуздана аналитичка техника која може да се користи за анализа на исклучително ниски концентрации (под-ppb) на повеќето елементи во спроводливи и полуспроводливи материјали.
Апликација за масена спектрометрија
SKU: 10442
Достапно во земји :
EA-IRMS: Детекција на фалсификуван мед
GC-MS-IRMS: Неоспорни резултати со куплување на GC-IRMS со масена спектрометрија со висока резолуција за конечна потврда во тестирање на допинг во спорт
IRMS – GasBench II систем: Следење на фалсификување на вино со користење на отпечаток на изотопи на кислород
LC-IRMS: Контрола на автентичност на мед со помош на Thermo Scientific™ LC IsoLink™ LC-IRMS
EA-IRMS: Следење на човечко потекло со користење на отпечаток на изотопи на водород и кислород
IRMS: Поддршка на директивата за нитрати со користење на отпечаток на изотопи за откривање на извори на загадување со нитрати
GC-IRMS: Проценка на прецизност и точност на мерење на изотопи на јаглерод во природен гас
LC-MS: Директна анализа на одбрани пер- и полифлуорирани алкилни супстанции (PFAS) во длабоки, површински и отпадни води со употреба на LC-MS
LC-MS: Анализа на 9 нитрозамини со примена на течна хроматографија и масена спектрометрија со висока резолуција и точна маса
LC-MS: Карактеризација на специфичност на антитела со користење на имунопреципитација и масена спектрометрија
LC-MS: Процедури за подготовка на примероци за масена спектрометрија на комплексни протеински примероци
LC-MS: Метода по EPA 543 – квантификација на органски пестициди во вода за пиење со користење на директна преконцентрација/екстракција во цврста фаза и тандем масена спектрометрија
LC-MS: Aнализа на различни класи на ветеринарни лекови подготвени со QuECHERS методологија со користење на автоматско директно пречистување на примерок со употреба на μSPE поврзан на LC-MS.
LC-MS: Брза и едноставна анализа на хлорамфеникол во млеко со употреба на LC-MS
LC‑MS/MS: Студија на остатоци на бета агонисти во храна со потекло од животни со употреба на LC-MS
ICP-MS: Определување на траги на елементи во ултрачисти киселини кои се наменети за производство на полупроводнички елементи со користење на Thermo Scientific ICPMS iCAP RQ
ICP-MS: Вкупна елементарна анализа на примероци од храна со користење на Thermo Scientific iCAP RQ ICP-MS за рутински и истражувачки лаборатории
IC-MS: Анализа на глифосат и AMPA во вода од животна средина со јонска хроматографија споена со тандем масена спектрометрија
GC-MS/MS: Консолидирана анализа на OCP, PAH и PCB во примероци од животна средина
IC-MS: Подобрена анализа на сијалинизирани N-глукани со употреба на IC-Orbitrap масена спектрометрија
GD-MS: Анализа на ултра ниски концентрации на сулфур во примероци на легури на никел