Без оглед дали сакате да вршите тестови на материјали, стареење на компјутерски чипови, изведувате сложени експерименти со многу осетливи оптоварувања, сушење или темперирање на електронски компоненти, стврднување на пластична смола или загревање на пластелин, Memmert U универзална лабораториска печка (комора) е добар избор. Оваа печка (комора) за греење/сушење има можност за прецизно, рамномерно и внимателно контролирање на температура. Универзалната печка (комора) U покрива температурен опсег до +300 °C и достапна е во 9 големини (волумен од 32 до 1060 литри)