Шведската техника на екстракција-SweEt (Swedish Ethyl Acetate method) е развиена за квантитативна анализа на преку 500 пестициди во еден повеќерезидуален циклус. Оваа метода користи помали количини на растворувач и обезбедува чисти екстракти компатибилни за GC и LC инјектување, без комплицирани чекори на пречистување. SweEt може да се користи за определување на пестициди во житарки, овошје, зеленчук и производи од животинско потекло (и тип А и тип В).