LabStandard производи овозможуваат секоја лабораторија брзо да ги прилагоди своите методи на актуелните официјални регулативи, со сè поголем број на микро-полутанти кои се следат во храната и животната средина. Неколку класи на пестициди се достапни во рамките на LabStandard и CRM еднокомпонентни, повеќекомпонентни и „Ready-to-use” китови, како што се: акарициди, алгаециди, авициди, бактерициди, PCB, карбамати, циклодиени, фито-стимулатори на раст, фунгициди, хербициди инсектициди, молусцициди, нематициди, неоникотиноиди, органофосфати, пиретроиди, родентициди, итн. Каталогот опфаќа повеќе од 2000 различни производи вклучувајќи:
- Повеќекомпонентни смеси и комплети спремни за употреба
- Испарливи и полуиспарливи соединенија
- Алергени
- Синтетички и органски лекови
- Еднокомпонентни раствори (Стандарди и CRM) на пестициди и хербициди
- Матрикс сертифицирани референтни материјали
- Амино киселини
- Интерни и сурогат стандарди
- Калибрациони раствори и раствори за тунирање на масени спектрометри