Thermo Scientific™ Orbitrap™ Exploris™ GC HRAM масен спектрометар на компанијата Thermo Scientifi го поедноставува користењето и нуди конзистентно точни резултати при аналитичко тестирање. Овој GC-MS систем нуди единствена длабочина на анализа и непревозмината точност и прецизност, заради подобрување на секојдневната квантификација, скрининг и профилирање на примероци. Обезбедува флексибилност koja може да оди во чекор со промените во регулативата и да овозможи истражување на нови аналитички можности преку зголемен опсег и консолидација на методи. Инструментот едноставно се инсталира и подесува, а неговите интелигентни информатички решенија им овозможуваат на корисници од било кое ниво на експертиза пристап до податоци богати со информации. Достапен е во конфигурации со резолуција од 30000 и 60000, како и со или без MS2 анализа.