Топковните млинови се меѓу најразновидните и најефикасните алатки кога станува збор за мелење тврди, кршливи или влакнести материјали. Различните начини на мелење, употребливите зафатнини и достапните материјали за мелење го прават топковниот млин совршен за широк спектар примени.
Modeli
MM 500 Control
MM 500 control е високоенергетски лабораториски млин кој може да се користи за суво, влажно и криогено мелење со фреквенција до 30 Hz. Тоа е прв миксер млин на пазарот кој овозможува следење и контрола на температурата на процесот на мелење. Областа на температура покрива опсег од -100 до 100 °C. За максимална флексибилност, млинот може да работи со различни термални флуиди, што овозможува употреба на различни термостатирања за ладење или загревање. Ако се избере течен азот за ладење, млинот треба да биде опремен со опционо достапниот продолжен уред crioPad. Иновативната crioPad технологија овозможува избор и контрола на специфичната температура на ладење во опсег од -100 до 0 °C за процесот на мелење.
MM 500 Nano
MM 500 nano е компактна, сестрана стона единица развиена специјално за суво, влажно и криогено мелење до 2 x 45 ml примерок материјал во рок од неколку секунди. Со максимална фреквенција од 35 Hz, генерира доволно енергија за производство на честички во нанометарски опсег. Робустниот погон со високи перформанси го прави млинот погоден за долготрајни процеси на мелење до 99 часа и поради тоа многу интересен за истражувања и механохемија. Оттаму, MM 500 nano е единствен млин на пазарот кој обезбедува вистинска алтернатива на мелење во планетарен топковен млин – со попогодно ракување и помалку ефект на загревање.
MM 500 Vario
Новиот Miker Mill MM 500 vario е сестрана стона единица која обезбедува врвни перформанси со максимална флексибилност за вашиот процес на подготовка на примероци. Користи се за суво, влажно и криогено мелење на мали количини примероци со голем проток на примероци. MM 500 vario може да се опреми со садови за мелење со навоен врв од 1,5 ml до 50 ml. Достапните материјали вклучуваат каљен челик, нерѓосувачки челик, волфрам карбид, ахат, цирконијум оксид, PTFE. За биолошки примени како што се хомогенизација на растителен материјал, ткиво или за раскинување на клетки со удар на перли, MM 500 vario може да биде опремен со различни адаптери за шишиња за еднократна употреба од 0,2 – 5 ml.
MM 400
Млинот MM 400 е компактна, сестрана стона единица развиена специјално за суво, влажно и криогено мелење на мали количини примероци. Овој лабораториски млин меша и хомогенизира до 2 x 20 ml прав и суспензии во рок од неколку секунди. Исто така е совршено погоден за раскинување на биолошки клетки, како и за екстракција на ДНК/РНК и протеини. Со своите моќни перформанси и голема флексибилност, Miker Mill MM 400 е единствен производ на пазарот.
MM 200
Млинот MM 200 е компактна, сестрана стона единица, развиена специјално за суво мелење на мали количини примероци. Може да меша и хомогенизира прав за само неколку секунди. Исто така е совршено погоден за раскинување на биолошки клетки, како и за екстракција на ДНК/РНК.
CryoMill
Криогеното мелење е процес каде термички чувствителни и еластични материи успешно се обработуваат со ладење со течен азот. CryoMill е лабораториски млин со топчиња специјално дизајниран за оваа примена. Има интегриран систем на ладење кој континуирано ја лади садот за мелење со течен азот пред и за време на процесот на мелење. Така примерокот станува кршлив и испарливите компоненти се зачувани.
Топковен млин за високоенергетско мелење EMAX
Emax е потполно нов тип на топковен млин за високоенергетско мелење. Единствената комбинација на високо триење и удар резултира со исклучително фини честички за најкраток можен временски период. Овозможува побрзо и поситно мелење од кој било друг млин со топчиња.
- Брзина од 2000 min-1 овозможува ултра-брзо ситнење на примерок
- Ладење со вода овозможува непрекиден рад без прекини на ладењето
- Мелење под контрола на температура
- Тесна дистрибуција на големината на честичките благодарение на специјалниот дизајн на садот кој го подобрува мешањето на примерокот
PM 100, 100 CM, 200 and 400
Планетарните топковни млинови се користат секаде каде што е потребен највисок степен на финост на примерокот. Покрај веќе докажаните процеси на мешање и намалување на големината, овие млинови исто така ги исполнуваат сите технички барања за колоидно мелење и обезбедуваат внес на енергија неопходен за механичко легирање. Екстремно високите центрифугални сили на планетарниот топковен млин резултираат со многу висока енергија на ситнење и поради тоа кратко време на мелење. PM 100 е згоден стонски модел со 1 станица за мелење, како и PM 100 CM кој работи во центрифугален режим, што доведува до поблаг процес на намалување на големината со помалку абење. PM 200 има две, а PM 400 четири станици за мелење.
PM GrindControl
PM GrindControl е систем за мерење на притисок и температура. За да се разберат процесите што се случуваат за време на мелењето со топковни млинови (на пример, хемиски реакции, промени на фази), корисно е да се забележат најважните термодинамички параметри: притисок и температура. Планетарните топковни млинови поради нивниот висок внес на енергија често се користат за развој на нови материјали со механичко легирање. Процесите и реакциите што се одвиваат во садот за мелење за време на мелењето можат да се следат и снимаат. PM GrindControl е достапен за садови за мелење од нерѓосувачки челик од 250 ml и 500 ml.
XRD-млин McCrone
XRD-млинот McCrone е специјално развиен за подготовка на примероци за анализа со користење на дифракција на рендгенски зраци (XRD). Млинот се користи за примена во геологија, хемија, минералогија и наука за материјали, контрола на квалитет, како и истражување и развој. Поради своето единствено движење при мелењето, XRD-млинот McCrone е особено ефикасен за оваа аналитичка метода: 48 цилиндрични елементи за мелење нежно ги мелат примероците преку триење. Резултатот е кратко време на мелење без речиси никаков губиток на примерок и исклучително тесна дистрибуција на големината на честичките. Кристалната решетка е речиси целосно зачувана за време на операцијата на мелење, што е предуслов за мерење со дифракција на рендгенски зраци.
Млин со тапан TM 300
TM 300 млинот со тапан се користи за подготовка на гранули и прав. Процесот на мелење се врши во суви или влажни услови. Млинот со тапан може да работи или како млин со топчиња или како млин со шипки со користење на соодветен модул. За ефикасен процес на мелење потребен е доволен број на топчиња или шипки. Обично се добива крајна финост под 20 микрони. Млинот со тапан се состои од мотор монтиран на цврст челичен рамка заедно со излезен левак и комплект сита за одвојување плус колектор на примерок. TM 300 има јарем и механизам за заклучување за лесен пристап до примерокот. Капакот на тапанот лесно се отстранува заради чистење благодарение на механизмот за брзо отпуштање.
Млин со тапан TM 500
Млинот со тапан TM 500 е лабораториски топковен млин дизајниран за мелење на големи количини примероци до 35 l. Прифаќа почетни големини на примерок до 20 mm и меле примерок до 15 µm со триење и удар. Тврдите, кршливи или влакнести примероци се ситнат во тапан од 150 l наполнет со топчиња за мелење од 80 kg. Променливите брзини од 10 до 50 вртежи во минута, различните големини на топчиња за мелење и можноста за долготрајно мелење до 100 часа обезбедуваат совршено приспособување на својствата на примерокот, како и повторливи резултати. Моделот TM 500 foodGrade кој содржи тапан и резервоар од нерѓосувачки челик 316L е достапен за апликации каде примерокот не смее да биде контаминиран на кој било начин.