Фрижидери

SKU: 7159

Лабораториските фрижидери на Thermo Scientific™ се дизајнирани специјално за заштита на драгоцени биолошки примероци. Со прецизно следење на температурата, идеални се за складирање крв, реагенси, вакцини и други предмети чувствителни на температура. Достапни се три серии на биомедицински лабораториски фрижидери. Секоја серија нуди единствени карактеристики и предности, при што се применуваат различни технологии на ладење, а сè со цел da бидат најповолни и најсоодветни за вашата примена. Лабораториските фрижидери на Thermo Scientific™ нудат клучни разлики во однос на единиците за складирање во домаќинството, малопродажбата или угостителството, вклучувајќи микропроцесорски контролирани зададени вредности, аларми, системи за автоматско одмрзнување чувствителни на време и температура, следење и снимање на температурата и електрични излезни сигнали.

Фрижидери за општа намена

Лабораториските фрижидери за општа намена на Thermo Scientific™ TSG™ серија се дизајнирани за специфичните барања на секојдневна употреба во истражувачки, клинички и индустриски лаборатории каде што се чуваат производи како реагенси, медиуми, протеини и други примероци кои бараат контролирана средина од 2° до 10° C.
Достапни се како:

  •  Компактни работни плочи
  •  Компактни единици под пулт (вградени единици)
  •  Вертикални единици со едни врати
  •  Вертикални единици со двојни врати

Примена:

  •  медиуми за клеточна култура
  •  пуфери за електрофореза
  •  разблажувања на антитела
  •  реагенси
  •  хроматографија
  •  комплети за клиничко тестирање/анализатор
  •  мајчино млеко и
  •  лекови индустриско испитување

Фрижидери со високи перформанси

Фрижидерите на серијата Thermo Scientific™ TSX™ се единици со високи перформанси дизајнирани со карактеристики кои поддржуваат заштита на примероците и одржливост за складирање медиуми, реагенси, хемотерапевтски и фармацевтски соединенија, како и други медицински и лабораториски производи, кои бараат средина за складирање од 3° до 7°C. Технологијата V-drive на серијата, заедно со Phononic топлотните пумпи за единиците под пулт, е дизајнирана да обезбеди еднообразност на температурата, која се постојано прилагодува на обрасците на корисникот, нудејќи значителни заштеди на енергија без загрозување на заштитата на животната средина.

Достапни се како:

  •  Компактни единици под пулт (вградени единици)
  •  Вертикални единици со едни врати
  •  Вертикални единици со двојни врати

Примена:

  •  складирање вакцини
  •  фармацевтско складиште
  •  нуклеински киселини
  •  апликации за чиста соба
  •  валидирани/регулирани простори
  •  високи трошоци за замена на реагенси или комплети на медиуми
  •  складирање ензими
  •  складирање крв/плазма

Погледнете ги брошурите, одете на линкот подолу за повеќе детални информации или нѐ контактирајте за повеќе информации за оптималниот систем за вашите потреби.

Корисни линкови:
Брошура: TSG серија
Брошура: TSX серија

Достапно во земји :