Криогената опрема се користи во транспортот и складирањето на безопасни материјали, клетки, ткива, индустриски гасови и други биолошки примероци со најголемо внимание и безбедност. Дизајнирани се така што ги исполнуваат ригорозните барања за складирање на криогени примероци. Системите на Thermo Scientific™ за чување при ниски температури нудат продолжено време на употреба, ниска потрошувачка на енергија без емисија на гасови кои влијаат врз создавањето на ефектот на стаклена градина во природната средина.
Системи за криопрезервација
Системите за криопрезервација (чување материјали при ниски температури-длабоко замрзнување) овозможуваат превоз и складирање на криогени примероци со најголемо внимание и безбедност. Системите на Thermo Scientific со автоматско и рачно полнење со течен азот нудат прецизна стабилност на температурата, ниски оперативни трошоци и максимални капацитети за складирање.
Достапни се производи за безбедно одржување и организирање на криогено конзервирани примероци, како и прибор за криопрезервација со оптимизирани перформанси.