Лабораториски парен стерилизатор Fedegari FOB5 нуди исклучителна флексибилност во работата. Согласно тоа, погоден е за лаборатории за контрола на квалитет во фармацевтската или прехранбената индустрија, како и за лаборатории на истражувачки центри и болници BSL-3 и BSL-4 тип. FOB5 серија автоклави може да се користи во:
- Микробиолошки и аналитички лаборатории
- Истражувачки институти и агенции за испитување
- Биотехнолошки лаборатории
- Објекти за експериментални животни и клинички дијагностички лаборатории
- Фармацевтска, прехранбена и хемиска индустрија – QC лаборатории
- Земјоделски, еколошки и ветеринарни лаборатории
Како сите Fedegari автоклави, и FOB5 има модуларен дизајн, кој овозможува исклучителна флексибилност при стерилизација на различни материјали и/или предмети и избрани програми за работа.