Серија FOB-TS Fedegari се лабораториски хоризонтални парни стерилизатори кои ги одликуваат одлични перформанси со применети висококвалитетни материјали, леснотија на употреба и намалена потрошувачка на енергенси. Fedegari FOB серија е погодна за различни примени, што ја прави совршен избор за модерна лабораторија. Можат да се прилагодат за третман на различни видови материјали, како високопатоген материјал, порозен материјал, течности/медиуми, во отворени или затворени контејнери. Можат да се користат во истражувачки институти и различни лаборатории: биотехнологија, микробиологија, клиничка дијагностика, земјоделство, заштита на животната средина, ветерина, но и контрола на квалитет во фармација, прехранбена, козметичка индустрија.