Сигурни решенија за миење и дезинфекција на садови и делови за фармацевтската индустрија – машини според спецификации на корисникот во GMP средина. RIEBESAM машини за миење лабораториски садови и компоненти се фокусирани на високи резултати на чистење и безбедност на ракувачот.
RIEBESAM фармацевтски машини за миење садови и компоненти, засновани се на концепт на модуларен дизајн, кој овозможува производство кое одговара на Вашите потреби и спецификации (URS). Pharma / GMP машини за миење и дезинфекција се достапни во различни големини а ги имаат следните карактеристики:
- Дизајн според насоките cGMP, GAMP и FDA
- 316L нерѓосувачки челик (1.4404 / 1.4435)
- Дизајн на комора без мртви агли, со заоблени рабови и електрично полирана („mirror polished”) комора за миење
- Самопразнечки рециркулациони пумпи од фармацевтски квалитет (пр. Hilge)
- Опција за финално плакнење
- Мембрански вентили (пр. Gemu, Sisto)
- Орбитално заварени цевководи со TriClamp или асептични стерилни прирабници (пр. Sudmo, Neumo)
- Компоненти кои не се од нерѓосувачки челик имаат одобрение FDA
- Единица за сушење со високи перформанси со H13 филтер
- Најсовремени SPS контролери (пр. Siemens S7)
- Прибирање податоци во согласност со насоките 21CFR Дел 11
- Опсежна документација за квалификација (IQ OQ) вклучувајќи FAT (Factory Acceptance Test) и SAT (Site Acceptance Test)
ОПЦИИ:
- една или двоја врата (пролазен тип). Вратите можат да бидат класични (шарки) или вертикално-лизгачки тип
„All-in-One” дизајн:
- Оптимизирани димензии
- Детергенти, сите технички компоненти, како и приклучоци на сите инсталации се наоѓаат под комората за миење и лесно им се пристапува преку сервисни врати
- Можност за сериско поставување машини, една покрај друга и нуди оптимално прилагодување на концептите на чисти соби.