Thermo Scientific™ OES, XRF, XRD, XPS, ICP инструменти ги задоволуваат потребите на сите аналитички лаборатории во металургија, рударство, геологија и геохемија, индустрија на нафта, полимери, стакло и керамика, полупроводници, бои и хемикалии, форензички истражувања и заштита на животна средина.
- Оптичка емисиона спектрометрија (OES), која користи екцитација со варници, ги задоволува најзахтевните потреби на анализа на металската индустрија – во контрола на производство, истражување и развој, инспекција на влезен материјал и сортирање на отпад.
- XRF анализа на прашкасти, цврсти или течни примероци има решенија во широк спектар на примени вклучувајќи цемент, метали, рударство, нафта, хемикалии, животна средина и храна.
- Рендгенска дифракција (XRD) дава детални структурни и фазни информации на материјали кои користат дифракција на рендгенски зраци, во широк спектар на индустриски и истражувачки примени, вклучувајќи академски истражувања, хемикалии, фармацевтски производи, полимери, полупроводници, тенки филмови, метали и минерали.
- Површината на цврст предмет е од голема научна важност, имајќи предвид дека хемиските својства како што се корозија, квасење, каталитичка активност, адхезивност и многу други потекнуваат од неколку слоеви атоми на неговата површина. Рендгенска фотоелектронска спектроскопија (XPS) е алатка за проучување на овие највисоки слоеви, односно површинска хемија. XPS го мери елементалниот состав на примерокот, емпириската формула, хемиската и електронската состојба и може да се користи за проучување на било што – метали, легури, полупроводници, стакло, полимери, органски материи, керамика, масла, итн.
- TOC инструменти ја мерат количината на органски, неоргански или вкупен јаглерод во разни примероци. Се користат во сите индустрии: фармацевтска, хемиска прехранбена, индустрија на води, пијалаци, во електрани, микроелектроника. Во фармацевтски пречистени води како и кај водите за пиење, органскиот јаглерод е битен параметар за мерење квалитет на вода. Исто така, TOC во фармација се користи за валидација на чистење. Кај електраните е еден од параметрите кој говори за тоа во која состојба се цевките за ладење и генерација на пареа.
- Атомска апсорпциона спектроскопија (AAS) е аналитичка метода за квалитативно и квантитативно определување на концентрација на метали во зададен примерок. AAS серија 3000 се користи за анализа на различни елементи во широк спектар на примероци како и во различни области: заштита на животна средина, индустрија, безбедност на храна, усогласеност со фармацевтски стандарди. Со комбинација на сите три техники, пламена, графитна и хидридна, овозможено е следење на голем број елементи – од висока концентрација до анализа на траги.
- Моделите од серијата Thermo Scientific™ iCAP™ PRO ICP-OES ефикасни се за елементални анализи на широк спектар на примероци каде матриксот е сложен или содржи високо ниво на растворени цврсти супстанци. Во еден примерок може да се анализира, симултано, голем број елементи.
- ICP-MS овозможува како рутински анализи, така и најсовремени истражувачки апликации во заштита на животна средина, индустрија, фармација и безбедност на храна, дури и за комплексни матрикси.