Belec Compact Port HLC е единствен преносив хибриден спектрометар за истовремена анализа на метали и јаглерод, комбиниран со единствена флексибилност и најновиот 6GSO-Систем.
Во најновата генерација на преносиви спектрометри, Belec го постигна она што досега беше можно само во големи лабораториски спектрометри. Инженерите на Belec развија единствено решение – хибриден дупли спектрометар во новиот Belec Compact Port HLC.
Овој модел нуди флексибилност комбинирана со најдобрата можна прецизност. Ова е постигнато со користење на најновите дигитални детектори (CCD), кои покриваат целиот спектрален опсег за последователна селекција на линии без компромиси, заедно со високо ефикасни фотомултипликатори (PMT) за одбрани елементи како јаглерод кои гарантираат најниски граници на детекција и најдобри перформанси.
Карактеристики:
- високи перформанси благодарение на најновиот 6GSO систем (6. генерација на оптички систем на спектрометар)
- најмодерни детектори, развиени за примени во спектроскопија
- едноставно ракување
- мобилност со помош на колички; лесно пренесување
- кориснички едноставен софтвер Belec Win 21
- анализа на C, P и S со Аргон сонда
- анализа на азот во Duplex челик (опционо)
- брза проверка на мешавина со Air Sparking сонда
- голема точност (C од 0,003%)
- можност за надградба со аналитички стол
- адаптери за речиси сите форми и големини на примероци