LC-MS - Течна хроматографија со масена спектрометрија

Новата генерација на Thermo Scientific системи за течна хроматографија со масена спектрометрија (LC-MS) овозможува лесноќа на користење без жртвување на перформансите. Обединетата архитектура на инструментите овозможува користење на истите додатоци на различни системи, го олеснува трансферот на методите и го забрзува процесот на запознавање за нови корисници. Паметните системи обезбедуваат највисок квалитет на податоци, за поголема сигурност во добиените резултати. Предефинираните експериментални услови им овозможуваат на поголем број корисници успешно да го користат системот, додека софтверот за обработка на податоци, алгоритмите и библиотеките помагаат во решавањето на научните предизвици, како и на рутинските апликации.

Орбитрап LC-MS (HRMS)

Откријте ги предностите на перформансите на единствените Орбитрап анализатори со висока резолуција и точна маса (HRAM) на компанијата Thermo Scientific. Орбитрап системите се поврзуваат со опрема за течна хроматографија за да се подобри ...

Прочитајте повеќе

LC-MS/MS со троен квадрупол

Денешните предизвици во таргетираната квантификација подразбираат повеќе од мерење на концентрации на посакуваниот аналит – од решавање на проблеми со комплексноста на аналитот и матриксот до лесно користење и задоволување на регулаторни...

Прочитајте повеќе

LC-MS со еден квадрупол

Масените спектрометри со еден квадрупол на компанијата Thermo Scientific се создадени за секојдневна, доверлива работа со целосна интеграција со вашиот HPLC/UHPLC систем. Масената спектрометрија обезбедува осетливост и селективност на ва...

Прочитајте повеќе

LC-MS со јонска замка

Thermo Scientific масен спектрометар со линеарна јонска замка е идеален за употреба како масен спектрометар за општа намена. Со новите, пониски цени, масените спектрометри со линеарна јонска замка овозможуваат автоматизација која им овоз...

Прочитајте повеќе

LC-MS медицински уреди за in vitro дијагностика

Фамилијата на LC-MS (течна хроматографија со масена спектрометрија) инструменти на компанијата Thermo Scientific за in vitro дијагностика обезбедува поверодостојни и побрзи резултати за клиничките лаборатории. Овие сеопфатни, доверливи L...

Прочитајте повеќе