Карактеризација на честички

Портфолиото за карактеризација на честички содржи три производни линии за анализа на расеана светлина, анализа на слика (на англиски: image analysis) и мерење на површина и порозност на материјалите. Microtrac MRB е водечки добавувач на системи со ласерска дифракција (ЛД) - уреди за определување на големината на честичките, каде ласерскиот сноп се пропушта низ добро диспергиран примерок, а големината на честичките се добива со мерење на интензитетот на расеаната светлина. Додека помалите честички расеваат светлина под поголеми агли, кај големите честички до расејување доаѓа при помали агли во однос на ласерскиот сноп. Со технологијата на 3 ласери, расеаната светлина може да се мери под различни агли до 163 степени. Од друга страна, динамичкото расејување на светлината (ДРС) се заснова на фокусирање на ласерската сонда на интерфејсот на материјалот, а сигналот се добива со користење на брза Фуриеова трансформација. Системите за динамичка анализа на слика (ДАС) ја определуваат формата на честичките во примерокот на репрезентативен и детален начин. Microtrac MRB-овите инструменти за мерење на адсорпцијата на гас овозможуваат пресметување на специфичната површина преку БЕТ теоријата, како и распределба на големината на порите каде големината на анализираните пори се движи од неколку стотини нанометри до пори со молекулска димензија. Некои од инструментите за мерење на адсорпцијата на гас овозможуваат испитување на катализатори, а некои мерење на густината. Порозиметријата со жива е уште една техника во нашето портфолио, која има широка употреба во определувањето на распределбата на големината на порите (во опсегот на мезо- и макропори) на цврсти материјали. Сите споменати системи се користат во бројни индустриски сегменти, вклучувајќи земјоделската индустрија, геолошката, хемиската, фармацевтската и прехранбената индустрија, како и за катализа, анализа на градежни материјали, стакло, метални прашоци и пластика.

Анализа на обликот и големината на честичките

Обликот и распределбата на честичките според големината во примерокот се од големо значење за многу индустрии. Microtrac MRB, како водечки производител на опрема за карактеризација на честички, нуди широк спектар на оптички анализатори н...

Прочитајте повеќе

Мерење на адсорпцијата на гас

Мерењата на адсорпцијата на гас можат да се користат за определување на специфичната површина, BET вредностите и порозноста на праховите. Покрај тоа, можат да помогнат при определувањето на густината на примерокот, па дури и при процена ...

Прочитајте повеќе

Апликации во област на карактеризација на честички

Microtrac MRB нуди ласерски дифракциони системи (статичко расејување на светлина) како докажана метода за одредување на големина на честички, вклучувајќи инструменти за динамичко расејување на светлина (DLS), погодни за каракте...
Прочитајте повеќе