Thermo Scientific™ Vanquish™ Duo UHPLC системите се апликативно специфични инструменти кои поддржуваат четири системи на работа (Дуален систем LC, Тандем LC или LC-MS, Дуален LC-MS и Инверзен Градиент) комбинирајќи два система во едно интегрирано UHPLC решение. Ваквото дуално решение во еден систем за ултра-високо ефикасна течна хроматографија ја подобрува вашата продуктивност штедејќи време, намалувајќи ги трошоците по примерок, зголемувајќи го капацитетот без дополнителна работна површина и поефикасно ги користи вашите ресурси. Thermo Scientific Vanquish Duo UHPLC системите ги прошируваат предностите на платформата Vanquish производи без загрозување на перформансите, робустноста или едноставноста на употреба.
Достапно во земји :
Модели специфични за апликација:
Vanquish Duo UHPLC системи за дуална течна хроматографија
Удвојте ја вашата продуктивност или продлабочете го знаењето за вашите примероци со помош на Thermo Scientific Vanquish Duo UHPLC системот за дуална течна хроматографија, со двоен автоматски инјектор и две пумпи, било како засебни модули или комбинирани со дуална пумпа. Дуалниот систем за течна хроматографија има ист footprint како еден инструмент, но содржи два засебни канали кои ви овозможуваат да пуштите иста метода на двата канали или да пуштите две различни методи истовремено на истиот инструмент, со што ја подобрувате вашата лабораториска продуктивност, сознанијата за составот на вашите примероци, а го забрзувате вкупниот поврат на вложувањата.
Vanquish Duo HPLC и UHPLC системи за тандем LC или LC-MS
Thermo Scientific Vanquish Duo HPLC и UHPLC системите за тандем LC или LC-MS го зголемуваат бројот на примероци во истиот временски интервал за било која LC или LC-MS анализа. И бројот на примероци и искористеноста на детекторот се зголемуваат со употреба на втора пумпа и префрлање од колона на колона, а со тоа исто така се елиминира времето потребно за урамнотежување на колоната во градиентно елуирање.
Vanquish Duo UHPLC системи за инверзен градиент
Thermo Scientific Vanquish Duo HPLC и UHPLC системите за инверзен градиент ги подобруваат способностите на вашата лабораторија за квантификација, користејќи единствена и универзална детекција на наелектризиран аеросол (CAD). Со тоа на ист начин можат да се квантификуваат сите неиспарливи и полуиспарливи соединенија дури и кога нема референтни стандарди.
Vanquish Duo UHPLC системи за дуална LC-MS
Удвојте го бројот на анализи на било кои LC-MS примероци или пуштете две LC-MS апликации истовремено користејќи Thermo Scientific Vanquish Duo UHPLC системи за двострука течна хроматографија со масена спектрометрија. Овие системи користат два засебни канали кои вклучуваат две пумпи, два автоматски инјектори и две колони. Имаат единствена повеќеканална технологија која користи два одвоени LC канали за да се зголеми употребата на еден масен спектрометар за зголемување на пропусноста. Thermo Scientific Aria MX софтверот со интуитивен графички интерфејс го олеснува поставувањето на методата и ги планира сите аспекти на Vanquish Duo системот за Dual LC-MS, вклучувајќи планирање и управување за повеќе методи на два достапни канали истовремено.