SOTAX роботски систем „APW” е работна станица за автоматска подготовка на примероци API која го минимизира ангажирањето на аналитичари за повторувачки задачи како вагање примероци, екстракција, филтрирање, разредување и пренос на уреди за анализа. APW значително ја зголемува лабораториската продуктивност, со што се овозможува распоредување на аналитичарите на критични задачи како што се анализа на податоци, известување и документирање. Згора на сѐ, автоматизираните процедури можат исто така да ја намалат употребата на растворувачи и создавањето на опасен отпад, додека во исто време ја зголемуваат безбедноста на аналитичарите со минимизирање на изложеноста на истите опасни реагенси и примероци.